X
 18.04.2024 Живот

Прва конференција за зелено инженерство, одржливи материјали и технологии за циркуларна економија, GREEN CIRC 2024

Технолошко-металуршкиот факултет - Скопје заедно со компанијата Together 4 circular на 22 и 23 април 2024 ја организира Првата конференција за зелено инженерство, одржливи материјали и технологии за циркуларна економија, GREEN CIRC 2024.

Конференцијата за зелено инженерство одржливи материјали и технологии за циркуларна економија се одржува на самиот почеток од отворањето на Зелената агенда на ЕУ, каде што потребата за зелена трансформација е неодложна и поглавјето е задолжително за сите членки на Унијата и асоцијативи истовремено.

Целта на дводневата Конференција за зелено инженерство е да се разменат нови научни знаења и истражувања поврзани со зелените иновации, како и бизнис-модели кои се апликативни во бизнис-секторот и индустријата.

Истовремено во рамките на конференцијата, на 23 април, за сите студенти ќе се одржи хакатон на зелени идеи за ревалоризација на био и индустриски отпадни материјали.



Најдобрите 3 студентски решенија и предложени идеи ќе бидат наградени со вредносен ваучер од 500 евра, како и вредносен ваучер од 200 евра за следните четири редоследно рангирани победнички предлози. 

Пријавувањето на студенти за хакатонот да се испрати на адресата: dekanat@tmf.ukim.edu.mk (наслов GREEN CIRC2024).

Издвојуваме

Живот