X
 27.02.2024 Живот

Здружение на лекари специјализанти: Бараме плата која ќе биде на ниво на доктор по општа медицина во ЈЗУ Клинички центар

Здружението на лекари специјализанти - ЗЛС го поздравува најавеното линеарно покачување на 5% за сите здравствени работници и соработници за март 2024 година и верува дека ваквиот тренд мора да перзистира.

Воедно, потсетуваме и бараме да не се заборави значајна група од над 300 лекари - приватни специјализанти кои секојдневно работат рамо до рамо со нивните колеги за само 26.000 денари, односно нешто над минималната плата.

Акцентираме дека ниедно покачување досега не ја опфати оваа група на лекари кои сѐ уште немаат ниту пензиско осигурување и сите најави за трансформација на нивниот работен однос пропаднаа, со што оваа група на лекари беше повторно изиграна од Министерството за здравство.

Бараме итно покачување на надоместокот на приватните специјализанти согласно просечната плата во РСМ во износ на 39.998 денари и трајно решавање на статусот на вработување на овие лекари согласно многубројните ветувања досега. Се надеваме на брз одговор од Министерството за здравство на оваа тема.

Здружение на лекари специјализанти

Извор: МИА

Издвојуваме

Живот