Месецов дури три мисии од Земјата ќе пристигнат на Марс

Месецов дури три мисии од Земјата ќе пристигнат на Марс

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Јули минатата година беше голем месец за Марс бидејќи неколку мисии беа испратени кон него. Сега тие летала треба да пристигнат на нивната дестинација.

Станува збор за роверот „Персевиренс“ на американската вселенска агенција НАСА, „Тјанвен-1“ на кинеската вселенска агенција и „Ал Амал“, или „Надеж“ на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ). Овие мисии треба да ги откријат тајните на Марс во атмосферата и на површината. Сите треба да стигнат до орбитата на Марс во февруари.


Фото: НАСА

Мисијата на НАСА е единствената што ќе слета на површината овој месец. Мисиите на Кина и ОАЕ треба да влезат во орбитата на Марс на 9 и 10 февруари. Мисијата на ОАЕ ќе остане во орбитата и ќе ја истражува атмосферата на Марс, а онаа на Кина ќе се обиде да слета на површината во мај.

Орбитите на Земјата и на Марс се добро поставени за испраќање мисии на секои 26 месеци. Тоа се случило во јули минатата година, па затоа сите три мисии биле испратени тогаш.

Мисијата на ОАЕ била испратена прва и прва ќе пристигне на Марс (9 февруари). Леталото автономно ќе пристигне во орбитата и ќе се префрли на режим на истражување. Кинеската мисија ќе пристигне на 10 февруари, но не се знаат деталите.


Фото: НАСА

Се случија неколку работи во текот на патувањето на мисиите до Марс. „Тјанвен-1“ го направи првото селфи при патувањето, а „Персевиренс“ слушаше звуци во вселената.

Роверот на НАСА ќе слета на Марс на 18 февруари, а иако агенцијата веќе испратила ровер на планетата, никогаш не е сигурно дека слетувањето ќе биде успешно. НАСА ќе го снима слетувањето со камери и микрофон на роверот, па на тој начин првпат ќе може да слушнеме како звучи Марс. Ќе се врши пренос од слетувањето на роверот овде.

Автор: Џексон Рајан
Извор: cnet.com