За резултатите од ПИСА-тестирањето, алатка за пријавување напади врз новинарките, интервју со режисерката Дина Дума... Што пишувавме неделава

За резултатите од ПИСА-тестирањето, алатка за пријавување напади врз новинарките, интервју со режисерката Дина Дума... Што пишувавме неделава

Нова алатка за пријавување на онлајн нападите врз новинарките - целта е да не се нормализираат како дел од работата

Главната задача на алатката е пријавувањето да биде едноставно, брзо и достапно, без новинарката сама да мора да бара каде и кому да се обрати. Но, алатката не ја гледаме само како формулар за пријавување. Таа треба да биде механизам преку кој ќе можеме да создадеме подобра слика за тоа какви видови онлајн напади се случуваат врз новинарките, колку често се случуваат и какви се нивните последици, вели Марија Митевска, новинарка и претседателка на Женската медиумска мрежа „Еднаква“.

Дина Дума, режисерка на „Скејтбордингот не е за девојчиња“: „Сакав да покажам што значи избор за девојчињата кога можностите им се ограничени“

Во „Скејтбордингот не е за девојчиња“, филмот со кој годинава беше отворен фестивалот „Браќа Манаки“, режисерката Дина Дума влегува во светот на младите девојки соочени со традицијата и сиромаштијата, но и со нивната храброст да ги поместат границите и да ги преиспитаат наметнатите правила за женската слобода.


Билјана Коцева, национален проект-менаџер за ПИСА 2025: „Учениците не се мотивирани, ПИСА-тестот не им влегува во успехот, ниту добиваат некаква материјална награда“

Подготовката на 15-годишниците да напредуваат и да водат во свет кој брзо се менува бара повеќе од силна академска вештина. Бидејќи доживотното учење, надградбата на вештините и преквалификацијата стануваат сè поважни, на учениците им се потребни мотивација и стратегии за учење што им овозможуваат да ја преземат одговорноста за своето учење во текот на целиот свој живот, вели Билјана Коцева, национален проект-менаџер за ПИСА 2025.