Љупка Вртева во топ-12 инженерки во светот, најдобриот студент на Стоматолошки, успехот на македонските куглари... Што пишувавме неделава
Од школските клупи до светскиот врв - приказната за тројцата македонски куглари што освоија 4 сребра на Светското првенство во куглање
Почнаа да куглаат сосема случајно, преку проектот „Кугламе и сме среќни“ што пред седум години се спроведуваше низ битолските училишта, а годинава освоија 4 сребрени медали во две тандем-дисциплини на Светското првенство по куглање, кое се одржа во мај во Австрија.
Александра Кадрова, најдобар студент на Стоматолошки факултет: „Стоматологијата е совршен спој на медицината, прецизноста и уметноста“
„Стоматологијата во Македонија располага со квалитетни кадри и голем потенцијал, но секогаш има простор за напредок“, вели Александра Кадрова, која беше прогласена за еден од најдобрите дипломирани студенти за академската 2024/2025 година од страна на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.
Љупка Вртева влезе во топ-12 највлијателни инженерки во светот: „Се трудам технологијата да се приспособи на човекот, а не човекот на технологијата“
Македонката Љупка Вртева, која живее и работи во Словенија, е избрана меѓу 12. највлијателни инженерки во светот за 2026 година. Меѓународниот престижен избор „Жени инженери што треба да ги познавате – 2026“ го организира Друштвото на жени инженери (SWE).