Марионка на 78 години скокна со падобран, ниту 300 евра не ги стимулираат студентите да учат за наставници по физика и по математика... Што пишувавме неделава

Марионка на 78 години скокна со падобран, ниту 300 евра не ги стимулираат студентите да учат за наставници по физика и по математика... Што пишувавме неделава

Реконструираните семејства се реалност и не треба да се третираат како проблематични или дисфункционални, вели проф. Ирена Авировиќ Бундалевска

На реконструираните семејства им е потребна поддршка што ќе ги препознае нивните специфични потреби, без однапред да ги третира како проблематични или дисфункционални, смета професорката Ирена Авировиќ Бундалевска

Ниту стипендијата од 300 евра не ги стимулира студентите да учат за наставници по физика и по математика - само четворица запишани на двете струки

Според резултатите од конкурсот на ПМФ, на наставна математика од вкупно 43 места, односно 30 со државно финансирање, се запишале само три студенти во сите три уписни рока, а на наставна физика само еден студент.

Најголемата инвестиција што не ја гледаме - осигурувањето не е трошок, туку сигурно утре

Семејствата најчесто прават план за купување стан, автомобил, одмор или образование на децата... Многу поретко прават план за она што би можело да им го наруши целиот буџет - губење работа, болест, несреќа или друг непредвиден настан.

Марионка Стефанова на 78 години скокна со падобран, а веќе има летано со параглајдер и со спортски авион

Во семејството Стефанови љубовта кон височините, падобранството и адреналинските спортови е наследна. Јане Стефанов е инструктор за скокови со падобран и портпарол на Аероклубот „Скопје“. За него, падобранството е најдобрата спортска активност со која се занимавал во животот и во која го нашол својот совршен момент.