Мицкоски: Парите за електронски уреди студентите ќе ги добијат од септември

Мицкоски: Парите за електронски уреди студентите ќе ги добијат од септември

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека студентите од септември ќе добијат по 250 евра за електронски уреди, мерка што беше најавена во декември минатата година

- 250 евра за електронски уреди. Тие пари се предвидени во буџетот. Процедурата во рамките на Владата, односно Генералниот секретаријат е отпочната. Се дефинираат критериумите и нормално е дека чекаме да отпочне новата студентска година затоа што еден од критериумите е студентите да имаат заверен семестар. И ги чекаме овие бруцоши што сега ќе се запишат за да го заверат семестарот и да може да ги добијат тие 250 евра помош од државата за купување електронски уреди. Така што веќе во септември ќе се случи тоа. Мислам дека последната бројка е на приватните и државните универзитети е околу 55 илјади студенти, со заверка на семестар ќе може да ги користат овие 250 евра за набавка на електронски уреди од септември - истакна Мицкоски.

Фото: Влада