Психолошки трилери што задолжително треба да ги гледате

Психолошки трилери што задолжително треба да ги гледате

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Досадно ви е во карантин? Ве разбираме, никому не му е лесно постојано да седи дома, особено кога надвор е убаво времето. Но, за да не се досадувате во изолација, веб-страницата „Брајт сајд“ ви нуди интересни психолошки трилери што ќе ве држат пред екран до самиот крај.

1. „Мојот ангел“ (Angel of Mine, 2019)




Откако ќе ја изгуби новородената ќерка и откако ќе се разведе од сопругот, Лизи се повлекува во себе. Ситуацијата се менува кога ќе ја запознае седумгодишната Лола, за која е уверена дека е реинкарнација на нејзината ќерка.

2. „Голтање“ (Swallow, 2019)



Сè во животот на Хантер беше совршено: имаше пријатели, богат сопруг кој ја сакаше и голема куќа. Единствено што ѝ недостигаше беше бебе. Но, кога конечно ќе забремени, почнуваат да се случуваат вознемирувачки работи. Таа почнува опсесивно да голта работи што не се јадат, како некој друг да презема контрола над неа.

3. „Мустангот“ (The Mustang, 2019)




Роман Колман станува учесник на програмата посветена за дресирање диви коњи. Убаво напредува додека на наиде на толку агресивен коњ што речиси не може да го скроти. Роман е навикнат проблемите да ги реши со сила, но овој коњ не се плаши. За да успее да го скроти овој ѕвер, Роман прво мора да се скроти себеси.

4. „Песната на имиња“ (The Song of Names, 2019)



Клајв Овен и Тим Рот глумат во оваа емотивна детективска приказна. Дејството на филмот се случува во Лондон во текот на Втората светска војна. Родителите на младиот Довидл и талентиран виолинист умираат, а грижата за него ја презема новото семејство. Наскоро се открива дека момчето не е само талентирано, туку е вистински гениј. Работите се во ред до неговиот прв концерт, кога Довидл исчезнува. 40 години подоцна Мартин се доближува до решението на мистеријата.

5. „Базирано на вистинска приказна“ (Based on a True Story, 2017)




Младата писателка Делфин објавува роман во кој ја опишува трагедијата што се случила во нејзиното семејство и за брзо време станува славна. Но, не се сите среќни поради тоа, па Делфин добива многу заканувачки писма поради кои паѓа во депресија. Нејзината обожавателка Ел ѝ предлага да ги заменат местата на средбата со обожавателите. Делфин прифаќа, но не е свесна за последиците од таквата одлука.

6. „Номис“, (Nomis, 2019)




Поранешниот судија Купер е разочаран со правниот систем и смислува сопствена метода за фаќање криминалци. За да ги намами противниците, како мамка ја користи младата партнерка, но работите тргнуваат во лош правец кога девојката е киднапирана од опасен манијак. Нејзиниот киднапер Сајмон има нарушување на личноста, а една од неговите личности е Ханибал Лектор.

7. „Нема да спиеш“ (You Shall Not Sleep, 2018)




Група актери одат во напуштена лудница за да ја изведат претставата што пред многу години ја напишале пациентите на таа болница. Мораат да следат строго правило: забрането им е да спијат, за да можат да ги искусат сите емоции на ликовите. Во текот на филмот нивната свест се менува и почнуваат да доживуваат работи што не можат да се објаснат. Дали станува збор само за игра на умот или нешто многу поопасно?

8. „Чистокрвност“ (Thoroughbreds, 2017)




Лили и Аманда во детството биле најдобри пријателки, но низ годините се оддалечиле. Кога повторно се сретнуваат, си ги кажуваат најголемите проблеми. Аманда не може да почувствува ништо, а Лили е опседната со омразата кон нејзиниот очув. Заедно смислуваат план за решавање на двата проблеми.

Извор: Bright Side
Фото: Screenshot/YouTube