Цветко Багашовски 35 години создава карневалски маски, приватните факултети со забелешки за предлог-законот за високо образование... Што пишуваме неделава

Цветко Багашовски 35 години создава карневалски маски, приватните факултети со забелешки за предлог-законот за високо образование... Што пишуваме неделава

Промена на начинот на финансирање на универзитетите со поголема контрола на трошењето - предвидува новиот Закон за високото образование

Министерството за образование и наука објави Известување за почеток на процесот за подготовка на предлог-закон за високото образование и целиот предлог-текст наскоро ќе се најде на националниот регистар на прописи ЕНЕР, каде што ќе може да се доставуваат и забелешки од заинтересираните страни.

Високите банкарски гаранции ќе ги загрозат приватните факултети и високи стручни школи и ќе ја зголемат школарината, забелешки на новиот предлог-закон за високо образование

Дел од приватните високообразовни институции во Македонија излегоа со забелешки во однос на предлог-текстот на новиот Закон за високо образование кој деновиве беше поставен на јавна расправа. Тие реагираат на новините што се предлагаат во Законот околу висината на банкарската гаранција која ќе треба да ја обезбедат основачите на приватните високообразовни установи.


Првата маска ја изработил во 1991 година, на тема „Дива бишка“. Маската била направена од животинска кожа и украсена со ѕвонци. Неговиот препознатлив стил се темели на употреба на природни материјали. Најголемиот дел од маските се рачно изработени од рогови, кожи, пердуви, мов, папрат, гранки и други природни растенија од нашето опкружување