За најдобриот учител на регионот, малиот број матуранти во Крушево, најпретприемачкото средно училиште во земјава... Што пишувавме неделава?
Крушево има само 34 матуранти: Општината ќе им плаќа по 3.000 денари на средношколците што ќе останат да учат во родниот град наредната година
Една третина од таблото отпаѓа на професори, дури 16, а само 34 се матуранти. Дел од учениците заминуваат да учат во Битола, Охрид и Прилеп поради поголемите можности што ги нудат овие градови.
„Секогаш се трудам да го побијам стереотипот за наставниците по математика и нејзината примена“ , вели Анкица Спасова - добитник на наградата „Најдобар учител на регионот“
Анкица Спасова е добитник на наградата „Најдобар учител на регионот“, која ја доделува Асоцијацијата на најдобрите наставници и лидери од регионот.
Најпретприемачко училиште во државата - економското „Јане Сандански“ од Битола со зголемен број на ученици, награди и инвестиции
Пред две години школската година ја започнавме со дел позајмени клупи и столчиња, а сега целосно е заменет школскиот мебел, направени се повеќе инвестиции, а училиштето е избрано за најпретприемачко на националниот натпревар, вели директорката Биљана Јанкуловска.