Фотограф успеа да слика редок црн пантер во џунглите на Индија

Фотограф успеа да слика редок црн пантер во џунглите на Индија

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Вистински предизвик е фотограф да успее да фати во кадар црн пантер во дивината. Но, Шаз Џунг, фотограф на дивиот свет, специјализира за пронаоѓање на овие ретко забележливи животни. Тој успешно ја фотографира големата црна мачка во изминатите четири години, а неговите најнови фотографии ја покажуваат нејзината величественост.

1

Неговите фотографии од црн пантер кој ја истражува шумата Кабини во Карнатака, Индија, неодамна беа објавени на „Твитер“ и веднаш станаа вирални.

Џунг се фасцинирал од црните пантери уште првиот пат кога ги видел.

2

- Кога првпат ги запознав, мојата страст стана опсесија и мојата крајна цел беше да фрлам повеќе светлина врз господарот на темнината - вели Џунг.

3

4

На една фотографија Џунг успева да го фати моментот кога пантерот гледа директно во леќата, откривајќи го неговиот интензивен поглед.

пантер

Џунг е познат и по тоа што фотографира и други големи мачки.

5

6

7

8

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Website | Facebook | Instagram