За најдобриот студент на Институтот за биологија, полагањето стручна матура, научен труд на студентка од Високата медицинска школа... Што пишувавме неделава
Ученик кој положил стручна матура може да се запише само на соодветен факултет, доколку се премисли, мора да полага државна матура следната година, според новата концепција
Од воведувањето на државната матура досега општеството претрпе многу промени, особено во економска и демографска смисла, па образовниот систем на проверка на знаењето на крајот од средното образование, исто така, требаше да претрпи промени и да се приспособи на новите трендови.
Милена Николовска е најдобар студент на Институтот за биологија, со просек 9,84: „Во молекуларната биологија лежат одговори за многу заболувања“
Милена Николовска е најдобар студент на Институтот за биологија при ПМФ. Таа уште од основно образование имала голем интерес и љубов кон биологијата, со желба да го разбере начинот на функционирање на живиот свет. Особено значајна улога во нејзината мотивација имала нејзината наставничка по биологија - Вера Андоновска, со која активно учествувала на натпревари по биологија и хемија организирани од Природно-математичкиот факултет. Уште во основно заедно освоиле многубројни награди на државно ниво.
Марија Талеска, студентка на Високата медицинска школа во Битола, изработи научен труд за рехабилитацијата кај децата со комплексни развојни и невролошки попречености
Рехабилитацијата кај децата со комплексни развојни и невролошки попречености е од големо значење, а физикалната терапија како составен дел од неа треба да биде редовна и доживотна, покажа истражувањето на Марија Талеска, студентка на Високата медицинска школа од Битола.