За Билјана Митреска, најдобар млад научник во ЦЕРН, доградбата на двете згради што ќе ги добие ФИНКИ, радиото УКЛО ФМ... Што пишувавме неделава
Соња Тантарова-Груевска, главен уредник на УКЛО-ФМ: „130.000 часа програма и над 150 студенти со авторска емисија досега - магијата на радиото ги понесува“
Кога радиото како медиум згаснува, а другите редакции кубурат со млади новинари, радиото УКЛО ФМ им пркоси на трендовите. Таму веќе 15 години, под водство на новинарката Соња Тантарова-Груевска, главен и одговорен уредник, студенти се активно вклучени во реализацијата на радиопрограмата.
Македонската физичарка Билјана Митреска е постдокторски истражувач на Универзитетот во Манчестер, во полето на физика на елементарни честички и воедно соработник на ЦЕРН. За Факултети.мк, Билјана открива како е да се работи со најдобрите научници од целиот свет.
Двете недовршени згради кај Ректоратот на УКИМ кои ќе ги добие ФИНКИ ќе се доградуваат по нови проекти откако ќе биде избран проектант
Во моментов тече евалуацијата на понудите во МОН и откако ќе заврши постапката и доградбата на објектите ќе биде репроектирана, ќе се избере и изведувач на градежните работи. Од Министерството објаснија дека за Факултетот за физичка култура, спорт и здравје ќе се доградува нов објект до оној на постојната локација.