Како да го гледате во живо заедничкото лансирање на ракета на „Спејс екс“ и НАСА?

Како да го гледате во живо заедничкото лансирање на ракета на „Спејс екс“ и НАСА?

Подготвил: Драгана Петрушевска

„Спејс екс“ наскоро ќе ја лансира првата човечка вселенска мисија. Ракетата на компанијата ќе ги однесе астронаутите на НАСА, Боб Бенкен и Даг Харли, до Меѓународната вселенска станица.

Мисијата ќе биде првата во која американски астронаути ќе го започнат патувањето од американска почва. Последната ваква мисија била во 2011. Мисијата претставува и нов чекор во комерцијализацијата на вселенските патувања бидејќи приватна компанија го дизајнирала и ќе го оперира лансирањето.



Фото: Pixabay

Лансирањето на ракетата која ќе ги однесе астронаутите до станицата ќе може да се следи онлајн. Тоа е закажано за 27 мај со почеток од 22:33 според средноевропско време. Преносот ќе започне четири часа порано, а може да го следите во видеото долу. Пред и по лансирањето ќе бидат прикажувани многу други поврзани материјали.


Автор: Џорџина Торбе
Извор: digitaltrends.com