Инженер на НАСА на интересен начин покажува колку брзо може да се рашират микроорганизмите

Инженер на НАСА на интересен начин покажува колку брзо може да се рашират микроорганизмите

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Можеби микроорганизмите не се најбрзи во ширењето, но секако се највешти. Застрашувачко е тоа што ги користат нашите тешко контролирани нагони за допирање на нештата, особено разни површини и нашите лица.

Марк Робер, поранешен инженер на НАСА, на својот јутјуб-канал објави видео во кое визуелно прикажува колку лесно може да се шират бактериите без да забележиме, како и зошто е важно честото миење на рацете, особено во пандемијата на коронавирусот.

Многумина не забележуваат колку ги допираат предметите, вклучувајќи го и лицето.

Бидејќи бактериите се премногу мали за да ги видиме со голо око, па тешко е за некои од нас да разберат како тие всушност се шират.

Марк, со помош на „Гло Џерм“, прашок (или лосион) што може да се види изложен на ултравиолетова светлина, се обидува да објасни колку лесно се шират бактериите и колку е важно да се мијат рацете.

За потребите на експериментот, Робер ја ставил пудрата на рацете на една наставничка, по што таа требало да се ракува со три ученици. Таа знаела дека мора да се спротивстави на нагонот да го допира лицето, но учениците не биле свесни за овој експеримент.

Освен тоа, еден ученик требало со рацете да го допре лицето на друг ученик. По неколку часа Робер отишол да ги провери резултатите.

Она што почнало со само еден наставник и еден ученик сега се раширило на многумина. Голем дел од децата имале белег од прашокот, а и многу други предмети како клупи, телефони, плакари и слично.

2
Фото: Screenshot/YouTube

Според Робер, бактериите остануваат до девет часа на многу површини како овие. Уште повеќе, просечната личност има тенденција да го допре лицето до 16 пати во еден час, така што постојат многу можности да се заразиме на овој начин.

Покрај ова, Робер проверил колку добро учениците ги мијат рацете редовно, „случајно“ ставајќи го погрешниот лосион на нивните раце и замолувајќи ги да си ги измијат рацете. Потоа ги проверил нивните раце со УВ-светилка за децата да видат кои делови од рацете се највалкани.

race
Миење на раце во период од 8 секунди, и миење на раце во период од 20 секунди

Неговиот последен експеримент во класот вклучувал ракување. Биле избрани 9 ученици, од кои еден имал малку прашок на раката. Тој требало да се поздрави со вториот ученик, кој потоа се ракувал со трет и така натаму. Излегло дека една рака може да прошири зараза на 7 лица. Последниот ученик во низата ученици немал бактерии кај него.

4
Фото: Screenshot/YouTube

Робер одлучил да експериментира со прашокот со неговите раце. Ставил малку од прашокот на неговите раце додека работел на компјутерот, обидувајќи се да не го допре лицето. Воопшто не забележал кога го допрел образот, а можел да забележи прашок и на неговиот нос и брада.

Како што вели Робер, вирусите и бактериите имаат екстремно ефективен и подмолен начин да нè заразат преку нашите очи, нос и уста. Мијте ги рацете минимум 20 секунди и социјално дистанцирајте се и останете дома.



Извор:Bored Panda