Бојана Стефаноска е магистранд по нуклеарна фузија, Дамјан Каранфиловски доби целосна стипендија на Универзитетот во Пенсилванија... Што пишувавме неделава

Бојана Стефаноска е магистранд по нуклеарна фузија, Дамјан Каранфиловски доби целосна стипендија на Универзитетот во Пенсилванија... Што пишувавме неделава

Од суицидни мисли до љубовни проблеми, психолошкото советувалиште при УКЛО пет години им помага на студентите

Една третина од студентите имале изразена анксиозност и депресија и исто толкав број ниска психолошка отпорност за време на пандемијата на ковид-19, покажа истражувањето спроведено во рамките на Психолошко советувалиште на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ во Битола, кое е прво од ваков тип во земјава.


Најпогодени од целата ситуација со онлајн наставата и дојавите за бомби се матурантите, кои губат голем дел од наставата што е предвидена во државните матурски испити. Поради тоа, во некои училишта наставата се приспособува согласно нивните потреби, или пак изгубените часови се надополнуваат онлајн.

Дамјан Каранфиловски доби целосна стипендија од Универзитетот во Пенсилванија: „Овде тешко доаѓавме до епрувета, а заминувам во средина каде што има многу лаборатории на располагање“

Од Универзитетот сметаа дека е во нивни интерес да ми ја покријат целосно стипендијата доколку го продолжам моето образование таму, раскажува Дамјан Каранфиловски од Битола, кој успеа да се запише во првиот, односно ран круг на Универзитетот во Пенсилванија, Филаделфија, каде што доби целосна стипендија, која на годишно ниво изнесува 86.000 долари.


Од моментот кога неговата сопруга сподели фотографија на социјалните мрежи, хобито на Јованче Сарагиновски прерасна во декоративна уметност.
Сарагиновски не очекувал дека приказната за изработки на рачни украси и изработки од дрво и рециклиран материјал, која почнала пред три години, ќе има одлични реакции кај публиката.

„Нуклеарната физика се труди енергијата на ѕвездите да ја донесе на Земјата“, вели Бојана Стефаноска, магистранд по нуклеарна фузија на Универзитетот „Екс-Марсеј“ во Марсеј

Универзитетот „Екс-Марсеј“ е најголемата високообразовна институција во Франција со над 80.000 студенти, која ги собира некои од најголемите млади умови во светот, особено на полето на нуклеарната физика во кое студира, твори и истражува Бојана Стефаноска од Македонија.

По скалилата на успехот со Гаро Тавитјан: „Сцената е магично место каде што даваш нешто од себе“

Ми требаа многу години дисциплина, пожртвуваност и труд за да дојдам приближно до саканата вештина. Се разбира, тоа е пат на кој му нема крај, усовршувањето никогаш не престанува, вели Гаро Тавитјан, наш етаблиран инструменталист кој јавноста, пред сѐ, го знае како тапанар.


Дина Јашари е релативно ново име на музичката сцена, но веќе е миленичка на публиката, особено на помладите генерации. Дина Јашари со песната „Дома“ ја освои наградата „Милан Младеновиќ“ за 2022, за најдобра песна во регионот. Наградата ја доделува Фондацијата „Милан Младеновиќ“, именувана во чест на легендарниот белградски и југословенски рок-музичар и фронтмен на групата „Екатарина Велика“.