20 научни експерименти што може да ги правите дома

20 научни експерименти што може да ги правите дома

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

„Физикс гирл“, познатиот канал на „Јутјуб“, се грижи за своите гледачи во време кога се препорачува изолација во домовите. Тоа го прави на најдобриот начин - преку научни експерименти што може да се прават дома.

Во видеото креаторката на каналот ги предизвикува сите да направат 20 експерименти за 5 минути. Секако, во овие пет минути не е вклучено времето потрошено за поставување на елементите што се дел од експериментите.

Веројатно веќе имате голем дел од материјалите што се потреби за експериментите, како јајца, свеќи, лименки, масло, вода, тави и други предмети кои се користат во домаќинството. Некои експерименти се едноставни и може да ги прават и децата, а некои се комплицирани.


Извор: mentalfloss.com 
Фото: YouTube screenshot