За првиот македонски возач на Формула 4, откажувањата на летните одмори, младите и употребата на кирилицата... Што пишувавме неделава?
ЗОО Скопје цела година ќе го одбележува јубилејот: „Во 1926 година биологот Станко Караман ја замислил зоолошката како место каде што ќе се развива почит кон живиот свет“
Во октомври 1926 година биологот и научник Станко Караман ја основа Зоолошката градина Скопје во рамките на Градскиот парк. Неговата визија била современа за тоа време – ЗОО Скопје да стане простор за едукација, научен пристап и хуман однос кон животните. Тој ја замислил како училиште на отворено, односно место каде што децата заедно со возрасните ќе учат како да ја почитуваат природата.
Војната на Блискиот Исток, меѓу САД, Израел и Иран, влезе во четвртата недела и нема знаци дека страните ќе седнат на преговарачка маса и ќе постигнат мир. Според економските експерти, колку повеќе трае, толку повеќе ќе влијае врз економијата преку поскапувањето на нафтените деривати, ѓубривата, храната и транспортните услуги, особено во авиопревозот каде што веќе се најавени зголемувања на цените на билетите поради недостигот на авионско гориво.
Кирилицата да се сфати како престиж, а не како товар. Личниот пример е „потквас“ за јазична обнова, вели професорката Христина Зариевска
„Zdravo“, „Dali ke se vidime vecerva?“, „Kako si pomina na rodenden?“, вакви пораки секојдневно си разменуваат младите на социјалните мрежи. Иако уште од мали учат да пишуваат на кирилица, на социјалните мрежи сѐ почесто комуницираат на латиница. Дигиталната комуникација постепено го потиснува кирилското писмо. Статуси, коментари, приватни пораки на интернет се пишуваат со латинични букви. Ваквите навики на младите го отвораат прашањето за иднината на кирилското писмо во онлајн просторот.
Стефан Тренески е првиот Македонец возач на Формула 4: „Мојата приказна започна преку е-спортот, учев на виртуелни симулатори, а долгорочно целта ми е Формула 1“
Стефан Тренески е прв македонски возач на Формула 4, нова сила во европскиот мотоспорт и пионер во Македонија. На 17 години тој влезе во историјата со освојувањето на Формула 4 ЦЕЗ академијата и со тоа се впиша како првиот Македонец што го сторил тоа. Оваа победа му донесе стипендија и место во Формула 4 ЦЕЗ шампионатот, ставајќи го на официјалниот пат кон Формула 1. Поради својот остар фокус, тркачка интелигенција и бестрашен стил на возење, Стефан доби репутација на еден од младите возачи што најмногу ветуваат.