Сликарски оддел

Во текот на четиригодишното студирање на одделот сликарство, студентите се запознаваат со цртачките и сликарските техники. И тоа, во првата година класичен цртеж (молив, јаглен), сликање (акварел, пастел, темпера).Во текот на втора година студентите се запознаваат со цртање (пастел, јаглен), сликање (пастел, темпера, акварел). Во текот на трета година студентите се запознаваат со сликарските техники (масло, акрилик, класична јајчана темпера, казеинска техника; ѕиден, поден и штафелаен мозаик; класична ѕидна и штафелајна фреско техника; витраж техника). Во текот на четврта година покрај работатаво сите сликарски техники студентите се запознаваат со современите мултимедијални техники. Наставата ја изведуваат четири професори.