X
 01.05.2024 Здравје

Терапевтски пристап на синдром на иритабилен колон

Функционалните пореметувања на дигестивниот систем сочинуваат широка основа различни пореметувања со релативно висока инциденца и преваленца во развиениот свет. Најчести функционални пореметувања се функционална диспепсија, синдром на иритабилно црево и функционална опстипација. Имено, дијагнозата на наведените болести се поставува на темел на клиничка слика со исклучување на другите етиолошки фактори (метаболни, инфективни, неопластични и други пореметувања на ГИТ.)

Синдром на иритабилно црево

Дефиниција:

Синдом на иритабилно црево (SIC) припаѓа во гупата најчести болести на ГИТ (преваленца на Запад 8-20%). SIC, го дефинираме како хронично функционално пореметување на ГИТ во отсуство на органски супстрат. Карактеризиран е со симптоматологија како што се болки во абдомен поврзани со дефекација, вклучувајќи дијареа и/или констипација (промена во конзистенција на столица) најмалку 3 дена месечно во изминатите 3 месеци, промена во зачестеност на столица - пореметување на дефекција и/или дистензија на абдомен. Епидемиологија 10 дo 20% од возрасната популација имаат SIC со тоа што, во поголем процент е застапена кај женска во однос машка популација (2-3 пати почеста). 50% почести се тегобите пред 35. година односно, преваленца е помеѓу втора и трета декада и помеѓу петта и шеста декада од работоспособната популација, доека инциденцата е во пораст. Нискиот социо-економски статус и образование, нередовната исхрана, недоволната телесна активност, зголемена телесна маса, како и лица кои покажуваат знаци на анксиозност и депресија се таргетираните групи за SIC.

Етиологија и психолошко пореметување - 70 до 90 проценти од болните (депресија, соматизација, афект). Хипермотилитет на црева (резултат на намелен праг на надрзливост на различни стимулуси). Значајна улога има и модерниот начин на живот и исхрана која подразбира брза конзервирана храна, преосетливост на адитиви, конзерванси. Од неурохуморални и хормонални фактори споменати се: холецистокинин, секретин, глукагон и ВИП.

Патогенеза

Во подлога се: Moторна и сензорна дисфунција и миоелектрична активност на црева. Постојат два типа миоелектрична активност: електрична контролна активност (ECA) или спори валови, и надразнителна електрична активност (ERA) која се суперпонира на спори валови. Болните со SIC се разликуваат во однос на здрави особи и во базална фреквенција на спори валови, миоелектричен одговор на храна и антихолинергичен ефект на храна индуциран од миоелектричен ефект на црева.

Клиничка слика на SIC

1. Доминантни болки во средни/долни партии на абдомен
2. Надуеност
3. Нередовно цревно празнење
4. Доминантни проливи
5. Доминантна констипација - Bristol Stool Form Scale -со опишан облик на столица: - формирана столица, грутчеста, формирана столица, со пукнатини на површина, формирана столица глатка и мека, одвоени тврди грутки, во вид на лешник (тешко проаѓаат), меки грутки со јасни рабови (лесно проаѓаат), меки грутки со нерамни рабови, кашеста столица, потполно течна столица. 
6. Промени во расположение

Дијагностика SIC-a Rome Working Team Committee 
• Симптоми на рекурентна абдоминална болка или нелагодност, 3 дена месечно во тек на претходни 3 месеци придружени со 2 или повеќе симтоми : 
- Чувство на олеснување после дефекција, 
- Појава на болка или нелагодност поврзани со промени и честота на празнење на столица, 
• Болка/нелагодност - промена во облик на столица (тврда или воденеста). 
Симптомите кои се присутни најмалку 3 месеци со почеток симптоми и/или 6 месеци пред дијагноза. Нелагодноста, представува неугодно чувство кое не се опишува како болка. Во патолошки и клинички истражувања, препорачана е честота на болки/нелагодност од барем 2 дена неделно.

Терапија

Фармакотерапија - усмерена според специфични симптоми.

1. Примарна линија на терапија: Дијареја: антидијареици (лоперамид, холестирамин, ондастерон); Констипација: псилиум, лактулоза, пелиетиленгликол (PEG), цисаприд; Абдоминална болка: мебеверин, антихолиенергици, инхибиторни на калциумови канали; Надуеност: симетикон

2. Секундарна линија на терапија: TCA (трициклични антидепресиви)
Терапија со мебеверин: мебеверин хидрохлоридприпаѓа во групата спазмолитици кој врши инхибиција на активноста на мускаринските рецептори со што ја исполнува директната релаксантна активност на мазната мускулатура на ГИТ без влијание врз нормалниот мотилитет на цревата кој, дополнително, нема влијание врз автоимуниот нервен систем при што нема појава на антхолиенергични несакани ефекти како што се дисурија, бенигна хиперплазија на простата, проблем со акомодација (кај пациенти со глауком). Примената на мебеверин е индицирана во симптоматска терапија кај пациентите со иритабилен колон (SIC). Мебеверинот покажува терапевтска ефикасност во санирање на симптомите како што се: грчеви и болки во стомакот, слични на колики, перзистентни неспецифични проливи (со/без наизменични констипации), флатуленции. Мебеверин има двојно дејство: спазмолитик: спречува деполаризација и контракција на мазни мускули (директно дејство врз мазните мускули на дигестивниот систем со влоада на натриумовите канали на мазните мускули на ГИТ) без влијание на физиолошкиот мотилитет на цревата; атоник: спречува хиперполаризација и атонија (спречува излез на калиумови јони и влез на калциум во клетката) Терапевскиот ефект е во согласност со препорачаната иницијална терапија, односно, терапевтскиот ефект расте согласно иницијалната терапија, затоа од особена важност е да се избере спазмолитик/атоник кој има поголема ефикасност, формулација која овозможува ацидорезистентност, отпуштање на активната супстанца по должина на целиот ГИТ и комфорно дозирање. Мебеверин во терпија се дозира двапати дневно.

Автор: спец. интернист др. Стојанчо Рамов, ЈЗУ Општа болница Кавадарци

Издвојуваме

Здравје