X
 30.04.2024 Живот

Колку цигари, алкохол и пари можете да носите при влез во Грција, Србија, Црна Гора, Хрватска, Германија...

Тргнувањето на пат или на одмор без да проверите што точно можете да внесете при влез во една држава може да ве чини многу скапо. Затоа, пред тргнување на пат препорачливо е да се проверат официјалните страници на царините на државите низ кои поминувате или влегувате за да бидете детално информирани што и колкава количина можете да внесете во една држава. Ова е особено важно за страсните пушачи што сакаат да поминат поевтино и да си понесат некоја кутија цигари плус.

Со цел да ви помогнеме, составивме листа со дозволени количини на цигари, алкохол и други нешта при влез во некои од најчестите дестинации каде што патуваат Македонците.

Албанија

На страницата на албанската царина е наведено дека патниците што влегуваат во земјата се изземени од царински обврски за нештата во личниот багаж ако тие не се наменети за комерцијална употреба и ако се за подарок. Вредноста на нештата што се изземени (со исклучок на цигарите и алкохолот) за патниците кои патуваат по копно е 300 евра по патник, за оние што патуваат со авион или брод е 430 евра по патник и за патниците помали од 15 години е 150 евра по патник.

На страницата е наведено дека можете да внесете најмногу 200 цигари или 100 цигарлоси (цигари со максимална тежина од по 3 грама) или 50 пури или 250 грама тутун. Исто така, дозволен е внес до 1 литар алкохол со јачина поголема од 22% или неденатуриран етил алкохол со јачина поголема од 80% или два литра алкохол и дестилирани пијалаци со јачина помала од 22%, до 2 литра вино и 10 литри пиво. Исто така, максималната количина на кафе која можете да ја внесете за лична употреба е 3 килограми.

На страницата е напоменато дека нема ослободувања во однос на алкохолот и тутунот за патници помали од 17 години.

Во однос на парите, при влез/излез треба да се пријави секоја сума поголема од 10.000 евра или нејзиниот еквивалент во други валути, целта на држењето на парите, како и релевантни документи. Лажно или неточно пријавување или непријавување се казнува. Така, за сума од 10.000 до 19.999 евра или нивниот еквивалент во странска валута, казната е 20.000 леки за првиот пат, 10% од непријавената вредност вториот пат и 30% од непријавената вредност за следните. За суми од 20.000 до 49.999 евра или нивниот еквивалент во странски валути, казната е 40.000 леки првиот пат, 20% од непријавената вредност вториот пат и 40% од непријавената вредност за следните. За суми над 50.000 евра или нивниот еквивалент во странски валути, казната е 60.000 леки првиот пат, 30% од непријавената сума вториот пат и 50% од непријавената сума за следните. Пријавувањето на парите се врши пред поминување пасошка контрола, без разлика како патувате (со авион, автомобил, брод, мотор, пеш...), без разлика каде ги носите парите и дури и ако тие не се ваши. Ако уредно ги пријавите, нема да платите казна.

За повеќе информации, прочитајте ТУКА.

Косово

Во Косово можете да влезете ослободени од обврски за увоз ако вредноста на багажот не надминува 175 евра по патник и не е за комерцијална употреба.

Во однос на цигарите и тутунските производи, дозволените количини се исти како и за Албанија. Во Косово е дозволен внес до 1 литар дестилирани пијалаци и алкохол со јачина поголема од 22% или неденатуриран етил алкохол со јачина поголема од 70% или еден литар алкохол и дестилирани пијалаци со јачина помала од 22% и до 2 литра вино. На страницата на косовската царина е наведено дека не е дозволен внес на повеќе од 50 грама парфем и 0,25 литри тоалетна вода. Во однос на лековите, пишува дека е дозволено да се внесе количината која не одговара на личните потреби на патникот.

И Косово не ги ослободува лицата помали од 17 години за тутун и алкохол.

Во однос на внес на пари, дозволената сума е 10.000 евра, а секоја поголема се пријавува и тоа со извор, инаку може да бидат запленети од страна на царинските службеници. Лицата што нема да ги пријават парите може да бидат казнети со глоба од 25 отсто од вкупната сума.

Повеќе информации можете да најдете ТУКА.

Црна Гора

Стоката што патниците ја внесуваат во Црна Гора во личниот багаж во вредност до 300 евра кога се патува по копнен пат, односно до 430 евра кога се патува со авион или брод, е ослободена од плаќање царина и ДДВ. Ако патникот е помал од 15 години, ослободувањето се применува за стоката во неговиот багаж со вредност до 150 евра, без оглед на средството со кое патува, стои на страницата на Царинската управа на Црна Гора. Таму се додава дека ослободување од плаќање царина се остварува ако внесот на стоката се врши повремено, наменет е за лична употреба на патникот или неговата фамилија или за подарок, а природата, односно количината на стоката мора да е таква да може лесно да се утврди дали станува збор за стока од некомерцијална природа.

Во однос на цигарите, правилата се исти и дозволен е внес до 200 цигари или 100 цигарлоси (цигари со максимална тежина од по 3 грама) или 50 пури или 250 грама тутун. Црна Гора дозволува внес на 1 литар алкохол со јачина над од 22% или неденатуриран етил алкохол со јачина поголема од 80% или два литра алкохол со јачина помала од 22%, 4 литри непенесто вино, 2 литри пиво. Дозволен е внес на најмногу 2 литри газирана вода со додаден шеќер или други средства за засладување или ароматизација. И оваа земја не ги ослободува патниците помали од 17 години од плаќање царина за алкохол и цигари.

Без пријавување во Црна Гора можете да внесете/изнесете до 10.000 евра. Непријавувањето готовина во износ од 10.000 евра или повеќе, односно во противвредност на тој износ во други валути или други средства претставува прекршок и истата привремено се одзема, наведуваат црногорските власти.

За повеќе информации, прочитајте ТУКА.

Бугарија

Доколку пристигнувате во Бугарија од земја која не е членка на ЕУ, како нашата, следните стоки можат да бидат увезени во Бугарија од лица постари од 17 години, без плаќање царина:

-200 цигари или 100 цигарилоси или 50 пури или 250 грама тутун (ако пристигнувате со авион)
-40 цигари или 20 цигарилоси или 10 пури или 50 грама тутун (ако пристигнувате преку копно)
-4 литри вино и 16 литри пиво и 1 литар алкохолни пијалаци над 22% алкохол, или 2 литри алкохолни пијалаци кои имаат помалку од 22% алкохол
-Друга стока до вредност од 430 евра за патници од воздух и море, како и стока до вредност од 300 евра за патниците кои се движат по копно.

Не можете да внесувате месо, млеко или производи што ги содржат земјите на ЕУ. Постојат некои исклучоци од медицински причини, на пример, одредени количини млеко за доенчиња во прав, храна за доенчиња или храна за домашни миленици.

За влез во Бугарија, препорачливо е да имате доказ за сместување и аранжман за патувањето, како и доволно средства за времетраењето на вашиот престој. Можете да патувате во шенген-зоната од која е дел Бугарија, до 90 дена во кој било период во времетраење од 180 дена, без виза. Ова важи ако патувате: како турист, да го посетите семејството или пријателите, да присуствувате на деловни состаноци, културни или спортски настани, за краткорочни студии или обука.

Што се однесува до парите, доколку вкупниот износ на увезената валута (локална или странска) надминува 5.000 лева, таа мора да се внесе во царинската декларација. Извозот на валута од Бугарија не смее да го надмине износот наведен во декларацијата при влез. Над 20.000 лева пак (или еквивалент во странска валута), може да се извадат со дозвола на Бугарската народна банка. Непотрошени пари во бугарска валута може да се заменат пред заминување од Бугарија. За таа цел, мора да се достави потврда за првична замена од менувачница. Накитот, видеокамерите, компјутерите и другите скапи предмети се, исто така, предмет на декларирање.

За повеќе информации, прочитајте ТУКА.

Грција

Во однос на внесување алкохол и цигари, преку границата во Грција може да се внесат:

-200 цигари или 50 пури
-1 литар жесток пијалак со содржина на алкохол повеќе од 22%
-2 литри алкохолни пијалаци кои не надминуваат 22% алкохол
-4 литри непенливи вина
-16 литри пиво.

Што можете да внесете во Грција со авион?

-Стока со вредност до 430 евра (за оние што патуваат со авион и по море) и до 300 евра (по копно). За лица помлади од 15 години износот на увезената стока е 150 евра без разлика на начинот на превоз.
-Не повеќе од една видеокамера, фотоапарат, магнетофон или спортска опрема по лице.

Во Грција е забрането да се внесе млеко и месни производи, освен 2 килограми бебешка храна или храна што му е потребна на лице за медицински цели.

Што се однесува до парите, мора да пријавите готовина и парични еквиваленти на царинската служба, доколку сумата изнесува 10.000 евра или повеќе. Оваа изјава мора да се поднесе во писмена форма до одговорната царинска испостава.

Повеќе информации на овој ЛИНК

Србија

На веб-страницата на царинската управа на Србија е објаснето што се подразбира под личен багаж.

- Личниот багаж се состои од сите предмети што не се наменети за продажба или друга форма на трансфер до други лица кои патникот ги носи за да му послужат за време на одредено патување - пишува на веб-страницата на царинската управа.

Износот на овие предмети зависи од целта на патувањето, полот, професијата на патникот, годишното време и други околности поврзани со конкретното патување.

Така, при влез во Србија со вас можете да понесете:

- 50 цигари, 25 цигарилоси (пури до 3 грама), 10 пури, 50 грама тутун или соодветна комбинација од сите споменати производи;
- 1 литар жесток пијалак и 1 литар пенливи или ликер вина или соодветна комбинација од споменатите пијалаци или 1 литар други вина;
- 1 парфем (до 50 милилитри), 1 тоалетна вода (до 25 милилитри);
- Мобилни уреди конфигурирани за лична употреба (лаптоп, таблет, паметен телефон).

Покрај личниот багаж, српските патници се ослободени и од плаќање увозна давачка за предмети за лична употреба што ги носат од странство до вредност од 100 евра.

Во Србија може слободно да се внесуваат девизи. Тоа значи дека можете да внесете пари во Србија колку сакате, но ако се повеќе од 10.000 евра (динари или друга валута), ваша должност е да ги пријавите на царина. Ова е важно да го направите бидејќи ако подоцна сакате да излезете од земјата со парите што не сте ги потрошиле и не поседувате заверен формулар, ризикувате да ви биде одземена сумата.

Повеќе информации прочитајте ТУКА.

Хрватска

Во Хрватска ослободени сте од плаќање царина ако носите:

- 200 цигари;
- 100 цигарилоси;
- 50 пури;
- 250 грама тутун или комбинација на соодветно количество наведено во тутунски производи.

Алкохол и алкохолни пијалаци

- 1 литар алкохол и алкохолни пијалаци со алкохолна фракција поголема од 22 отсто;
- 2 литра алкохол и алкохолни пијалаци со фракција на алкохол помала од 22 отсто;
- Комбинација на соодветна количина на алкохол и алкохолни пијалаци;
- 4 литри вино;
- 16 литри пиво.

Парфеми до 50 милилитри и тоалетна вода до 25 милилитри;

Лекови и медицински производи во количина неопходна за лична потреба на патникот, но со соодветна медицинска белешка.

Хомеопатски производи (чај, капки, ампули, капсули, масти, кремови), едно пакување.

Патниците под 17 години немаат право да увезуваат цигари и алкохолни пијалаци.

За увоз на личен багаж, потребна е само усна царинска декларација, односно предметите треба да бидат само усно пријавени кај царинскиот службеник.

Предметите од некомерцијална природа кои не се наменети за препродажба, туку се за лична потреба на патникот и членовите на семејството се ослободени од царински давачки, под услов нивната вкупна вредност да не надминува 1.000 куни.

Храната, без разлика на количината, мора да ги задоволува прописите за храна и е предмет на ревизија на санитарниот инспектор на граничниот премин. Увозот на производи од животинско потекло (месо и производи од месо, други производи кои содржат месо, јајца, млеко, сирење и други млечни производи, како и животинско потекло) е бесплатен додека се под ветеринарен извештај при влез во Хрватска, во зависност од земјата од која се увезени.

Странските патници можат да увезуваат или извезуваат без ограничување, но мора да бараат потпис од царински службеник за увоз и извоз на девизи од 10.000 евра или повеќе. За поголем извоз на девизи, патниците треба да бараат дозвола од Хрватската народна банка.

Повеќе информации прочитајте ТУКА.

Словенија


Во Словенија, ЕУ-граѓаните можат да внесат најмногу 800 цигари или 200 пури и 1 килограм тутун. Тие можат да носат најмногу 10 литри алкохолни пијалаци или пијалаци со содржина на алкохол над 22 отсто или 20 литри алкохолни пијалаци со помалку од 22 отсто алкохол.

Граѓаните на другите земји во Словенија можат да донесат најмногу 200 цигари, 50 пури и 250 грама тутун. Можат да носат најмногу 1 литар жесток пијалак или пијалаци со содржина на алкохол над 22 отсто или 2 литри алкохолни пијалаци со најмногу 22 отсто алкохол.

Ако сте државјанин на земја членка на ЕУ, нема ограничувања за внесување готовина во Словенија, но ако сте државјанин на друга земја, можете да внесете најмногу 10.000 евра. Ако носите повеќе од оваа сума, мора да ги пријавите кај царинските службеници.

Повеќе информации прочитајте ТУКА.

Унгарија

Во Унгарија, дозволено ви е без царина да внесете 250 цигари, 2 литри вино и 1 литар жесток пијалак.

Списокот на она што е забрането да се внесува и изнесува од Унгарија вклучува: конзервирана храна, млечни чоколадни бонбони, месо и млечни производи, експлозиви, оружје, наркотици и психотропни супстанции и отрови. И во овој случај, како и за Бугарија, постојат некои исклучоци од медицински причини, на пример, одредени количини млеко за доенчиња во прав, храна за доенчиња или храна за домашни миленици потребни од медицински причини.

Постојат ограничувања за износот на готовина што можете да ја внесете или да ја извадите од сите земји на ЕУ, вклучително и Унгарија. Мора да пријавите кој било износ над 10.000 евра (или еквивалент). Ова вклучува чекови, патнички чекови, парични налози итн.

Исто така, треба да се земе предвид дека сите стоки во Унгарија подлежат на данок, што е 27% од куповната цена. Овој данок може да се врати на аеродромот, но само ако вашите купувања надминуваат 50.000 форинти. Ова се нарекува трансакција без данок.

Откако ќе платите „такс фри“, треба да платите провизија од 5% од износот на рефундирањето. Можете да платите без данок, на аеродромот во Будимпешта на терминалите 1 и 2, како и на речната станица „Келети“ и Меѓународното речно пристаниште во Будимпешта.

Повеќе информации ТУКА.

Германија

Ако влегувате во Германија, со себе можете да понесете:

- 200 цигари;
- 100 цигарилоси;
- 50 пури;
- 250 грама тутун или
- пропорционална комбинација на овие предмети.

Алкохол:

- 1 литар алкохолни пијалаци со алкохол што не надминува 22 отсто;
- 2 литри алкохолни пијалаци кои имаат помалку од 22% алкохол;
- 4 литри непенесто вино;
- 16 литри пиво.

Кога станува збор за медицинските производи, дозволена е количината потребна за личните потреби на патникот.

Кога станува збор за пари, секое лице што влегува во Германија од земја што не е членка на ЕУ и носи готовина од 10.000 или повеќе евра, мора да ја пријави сумата на писмено до надлежните германски царински органи.

Повеќе информации прочитајте ТУКА.
Бугарија

Ако патувате од ЕУ, нема ограничување за количината или вредноста на стоките што можете да ги увезете, под услов вашите стоки да се за лична потрошувачка. Доколку пристигнувате од земја која не е членка на ЕУ, како нашата, следните стоки можат да бидат увезени во Бугарија од лица постари од 17 години, без плаќање царина:

-200 цигари или 100 цигарилоси или 50 пури или 250 гр тутун (ако пристигнувате со авион)
-40 цигари или 20 цигарилоси или 10 пури или 50 грама тутун (ако пристигнувате преку копно)
-4 литри вино и 16 литри пиво и 1 литар алкохолни пијалоци над 22% алкохол, или 2 литри алкохолни пијалоци кои имаат помалку од 22% алкохол
-Друга стока до вредност од 430 евра за патници од воздух и море, како и стока до вредност од 300 евра за патниците кои се движат по копно.

Не можете да внесувате месо, млеко или производи што ги содржат земјите на ЕУ. Постојат некои исклучоци од медицински причини, на пример одредени количини млеко за доенчиња во прав, храна за доенчиња или храна за домашни миленици.

За влез во Бугарија, препорачливо е да имате доказ за сместување и аранжмани за патувањето, како и доволно средства за времетраењето на вашиот престој. Можете да патувате во Шенген зоната од која е дел Бугарија, до 90 дена во кој било период во времетраење од 180 дена, без виза. Ова важи ако патувате: како турист, да го посетите семејството или пријателите, да присуствувате на деловни состаноци, културни или спортски настани, за краткорочни студии или обука.

Што се однесува до парите, доколку вкупниот износ на увезената валута (локална или странска) надминува 5000 лева, таа мора да се внесе во царинската декларација. Извозот на валута од Бугарија не смее да го надмине износот наведен во декларацијата при влез. Над 20000 лева пак (или еквивалент во странска валута), може да се извадат со дозвола на Бугарската народна банка. Непотрошени пари во бугарска валута, може да се заменат пред заминување од Бугарија. За таа цел мора да се достави потврда за првична замена од менувачница. Накитот, видео камерите, компјутерите и другите скапи предмети се исто така, предмет на декларирање.

Грција

Во однос на внесување на алкохол и цигари, преку границата во Грција може да се внесат: 

-200 цигари или 50 пури
-1 литар жесток пијалок со содржина на алкохол повеќе од 22%
-2 литри алкохолни пијалоци кои не надминуваат 22% алкохол
-4 литри непенливи вина
-16 литри пиво.

Што можете да внесете во Грција со авион?

-Стока со вредност до 430 евра (за оние кои патуваат со авион и по море) и до 300 евра (по копно). За лица помлади од 15 години износот на увезената стока е 150 евра без разлика на начинот на превоз.
-Не повеќе од една видео камера, фотоапарат, магнетофон или спортска опрема по лице.
-Увозот на девизи не е ограничен.

Во Грција е забрането да се внесе млеко и месни производи, освен 2 килограми бебешка храна или храна што му е потребна на лице за медицински цели.

Што се однесува до парите, мора да пријавите готовина и парични еквиваленти на царинската служба, доколку сумата изнесува 10.000 евра или повеќе. Оваа изјава мора да се поднесе во писмена форма до одговорната царинска испостава. 

Унгарија

Во Унгарија, дозволено ви е без царина да внесете 250 цигари, 2 литри вино и 1 литар жесток пијалок. 

Списокот на она што е забрането да се внесува и изнесува од Унгарија вклучува: конзервирана храна, млечни чоколадни бонбони, месо и млечни производи, експлозиви, оружје, наркотици и психотропни супстанции и отрови. И во овој случај, како и за Бугарија, постојат некои исклучоци од медицински причини, на пример, одредени количини млеко за доенчиња во прав, храна за доенчиња или храна за домашни миленици потребни од медицински причини. 

Постојат ограничувања за износот на готовина што можете да ја внесете или да ја извадите од сите земји на ЕУ, вклучително и Унгарија. Мора да пријавите кој било износ над 10.000 евра (или еквивалент). Ова вклучува чекови, патнички чекови, парични налози итн. 
Исто така, треба да се земе предвид дека сите стоки во Унгарија подлежат на данок, што е 27% од куповната цена. Овој данок може да се врати на аеродромот, но само ако вашите купувања надминуваат 50.000 форинти. Ова се нарекува трансакција без данок.
Откако ќе платите „Такс Фри“, треба да платите провизија од 5% од износот на рефундирањето. Можете да платите без данок ,на аеродромот во Будимпешта на терминалите 1 и 2, како и на речната станица „Келети“ и Меѓународното речно пристаниште во Будимпешта.
Подготвил: РФ

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот