X
 01.09.2023 Живот

Мајорел караван - вработувања низ цела држава

Мајорел продолжува да вработува низ цела држава. Придружете се на настаните на Мајорел караванот и обликувајте ја иднината на корисничките услуги.
Во последните 6 месеци Мајорел ја доби довербата од две глобални компании кои работат во телеком-индустријата и е-трговијата за да обезбедува корисничка поддршка за нивните корисници. Затоа и тргнува на патување низ државата за да ги сподели можностите за работа од дома и работа од канцеларија со сите оние што имаат познавање од германски јазик.

Тимот на Мајорел ќе ги посети Битола, Штип, Тетово и Охрид за да ги претстави можностите за работа за сите оние што имаат познавање од германски јазик. Во Мајорел веруваат во практичност, флексибилност и личен раст, поради што нудат 100% работа од дома за оние што сакаат да уживаат во удобноста на својот дом и можности за работа од канцеларија за оние што сакаат да уживаат во утринско кафе со своите колеги.

Доколку сте заинтересирани да имате клучна улога во одржувањето одлични релации со корисниците на компании од индустријата на е-трговија и телеком-индустријата, Мајорел ќе ви даде можност да работите со нив. Ќе придонесувате со вашата корисничка поддршка во малопродажбата за најголемиот светски е-трговец од удобноста на вашиот дом или ќе бидете глас на добро познатиот телеком-провајдер од нивните канцеларии во Скопје.



Караванот Мајорел доаѓа и во вашиот град:

• Битола: 5.9.2023 (место: IT Crowd, време: 17:00 – 20:00 часот)
• Штип: 6.9.2023 (место: Кафе бар Angels, време: 17:00 – 20:00 часот)
• Тетово: 7.9.2023 (место: М House 2, време: 17:00 – 20:00 часот)
• Охрид (1 ден): 12.9.2023 (место: Хотел Су, време: 13:00 – 20:00 часот)
• Охрид (2. ден): 13.9.2023 (место: Хотел Су, време: 10:00 – 17:00 часот)

Без разлика дали сте искусен професионалец или некој што сака да ја започне својата кариера, посетете го тимот на еден од настаните на Мајорел караванот и дознајте за можностите за работа и како да станете дел од тимот на Мајорел. Тим кој ја поттикнува соработката и работната средина што ви овозможува да го достигнете вашиот целосен потенцијал. Работејќи во Мајорел, вие не само што добивате работа - вие прифаќате исполнета кариера што отвора врати за неограничен раст и развој.

Како да станете дел од тимот на Мајорел:

• Дознајте повеќе за Мајорел со присуство на еден од нивните интересни настани на Мајорел караванот во вашиот град. Пријавете се на следниот ЛИНК.
• Дознајте за работните позиции за сите оние што имаат познавање од германски јазик.
• Запознајте ги нивните вработени и дознајте за нивните професионални искуства.
• Направете го првиот чекор кон исполнета кариера со приклучување на динамичен тим на Мајорел за корисничка поддршка на клиентите.

Вашата кариерна авантура започнува сега. Со Мајорел!

За Мајорел:


Мајорел е интернационална компанија со повеќе од 82 000 вработени во 45 земји во светот, обезбедува корисничка поддршка за едни од најпознатите светски брендови. Канцеларијата во Скопје обезбедува корисничка поддршка на германски и англиски јазик за клиенти од туристичката и телеком-индустријата, и индустријата на е-трговија.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот