X
 01.11.2018 Живот

Танзаниските власти формираа специјална единица за лов на хомосексуалци

Дар Ес Салама, најбогатиот град и покраина во Танзанија, формира единица за откривање хомосексуалци и таа ќе почне со работа идната седмица, соопшти гувернерот на областа, Пол Маконда.

Припадниците на таа посебна единица ќе имаат задача, на пример, да ги следат друштвените мрежи со цел да се уапсат тие што живеат во истополови заедници.

Хомосексуалноста во Танзанија е казнива, па земјата е постојано критикувана од меѓународната заедница. И формирањето на оваа единица се очекува да предизвика многу негативни реакции.

- Повеќе сакам светот да ми се лути отколку Бог - истакнува Маконда.

Тој додава и дека оваа борба ќе значи и строги казни за порнографија.

- Ги предупредувам луѓето да ги избришат сите порно-фотографии од своите мобилни телефони - нагласи гувернерот.

Во таа насока, затворени се и клиниките за лекување од ХИВ, оти властите ги обвинуваат тие лица за промовирање на хомосексуалноста.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот