X
 10.04.2024 Живот

Изградил џамија во својот двор, а сака да изгради и две цркви

Нафиз Охран од Долни Вакуф донел необична одлука - изградил џамија во својот двор.

Ја градел 3 месеци, а во џамијата има место за молење за 3 лица. Според неговиот опис, оваа џамија е 2 на 2. Повеќе за неговиот потфат може да погледнете во репортажата на јутјуб-каналот „Средња Босна данас“.

- Сѐ направив сам, освен што жена ми ја држеше мешалката додека го мешав бетонот - додал Нафиз со насмевка.

Џамијата им го привлекува вниманието на минувачите и жителите бидејќи таков случај не се гледа секој ден.

Додека другите луѓе инвестираат во викендички и купуваат луди автомобили, Нафиз се решил на сосема поинаков чекор. Тој нагласил дека негова желба е да изгради и две цркви во дворот.

Извор: 6yka.com

Фото: YouTube screnshoot

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот