X
 01.12.2021 Економија

Во земјава има 8.595 слободни работни места, погледнете во кои сектори

Стапката на слободни работни места во третото тримесечје од 2021 година изнесува 1,69%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Вкупниот број слободни работни места во земјава е 8.595, од кои најмногу се во секторот преработувачка индустрија (1.732), кој, сепак, нема највисока стапка на слободни работни места. Највисока стапка на слободни работни места од 3,32% има во секторот административни и помошни услужни дејности, каде што има вкупно 730 слободни работни места. Голем број слободни работни места има и во секторот трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли (1.554), сектор кој има стапка на слободни работни места од 1,82%, а има и 906 слободни работни места во секторот градежништво, кој има стапка од 3,03% и 648 слободни работни места во секторот транспорт и складирање, кој има стапка од 2,29%.

Секторот образование има стапка на слободни работни места од 1,67%, односно вкупно 626 непополнети работни позиции.

Најмала е стапката во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0,20%, а каде што се бараат само 16 работници.



Според податоците на ДЗС, вкупниот број на пополнети работни места во третото тримесечје од годинава е 500.145, од кои најмногу се во преработувачката индустрија (115.467), а потоа следува секторот трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли (83.628), јавна управа и одбрана, задолжително социјално осигурување (37.782), дејности на здравствена и социјална заштита (37.716) итн. Најмал број пополнети работни места има во секторот дејности во врска со недвижен имот, 2.050, но таму има и мал број слободни работни места (26).

Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2,16%,се наведува во соопштението на ДЗС.



Оттаму додаваат дека највисока стапка на слободни работни места има Југоисточниот Регион со 2,17%, односно вкупно 647 слободни работни места. Анализата на податоците на пополнети и слободни работни места според региони покажува дека најголема концентрација на работна сила има во Скопскиот Регион, каде што има 268.216 пополнети и 4.820 слободни работни места.



Најголем број слободни работни места, односно 2.550, има во групата занимања - работници во услужни дејности и продажба.


Фотографии: ДЗС

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија