X
 04.12.2017 Економија

Државен завод за статистика: 7.568 слободни работни места, колку од нив се од образованието?



Вкупно 7.568 слободни работни места имало во Македонија во третото тримесечје во годинава, соопшти Државниот завод за статистика. Според занимањата, работни места за 445 стручњаци и научници, додека според дејностите, имало 208 слободни работни места во образованието. Сепак, најмногу слободни работни места имало во преработувачката индустрија – 2.568. Во овој период стапката на слободни работни места изнесува 1,52 отсто.

- Највисока стапка на слободни работни места има секторот „Објекти за сместување и сервисни дејности со храна“ – 3,15 отсто, додека најмала е стапката во секторот „Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ – 0,1 отсто – пишува во соопштението на ДЗС.

Најмногу слободни работни места имало во Скопскиот регион – 3.846 и во Пелагонискиот регион – 946. Во Вардарскиот имало 670, во Источниот - 572, во Југоисточниот - 518, во Југозападниот - 442, во Полошкиот - 425, а Североисточниот имало 166 слободни работни места.

Најголем број, односно 2.594 позиции има во петтата група занимања - работници во услужни дејности и продажба.
Следуваат: ракувачи и составувачи на машини и постројки (1.452), техничари и сродни занимања (1.138), елементарни занимања (684), службеници (579), занимања за неиндустриски начин на работа во производството (567), стручњаци и научници (445), членови на законодавни и извршни тела, државни функционери, раководни државни службеници, дипломати и директори (28).
Подготвил: В.И.И.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија