X
 02.02.2024 Живот

На „Тик-ток“ повеќе ја нема музиката на Тејлор Свифт, Дрејк и други музичари, еве зошто

„Јуниверзал мјузик груп“ повеќе не ја лиценцира музиката на „Тик-ток“, потег што резултира со отстранување песни од изведувачи како Тејлор Свифт, Дрејк, Оливија Родриго...

Сите видеа што содржат музика од изведувачите од оваа продукциска куќа повеќе не се достапни на оваа социјална мрежа, со порака дека звукот е отстранет поради ограничувањата на авторските права.

Во отвореното писмо објавено на веб-страницата на оваа продукциска куќа пишува дека договорот за лиценцирање музика помеѓу неа и „Тик-ток“ истече во средата, а новите услови допрва треба да бидат договорени.

Продукциската куќа забележа различни проблеми кои стојат на патот на договорот за лиценцирање, вклучително и платата на изведувачот и текстописецот, заштитата на уметниците од ефектите на вештачката интелигенција и безбедноста на „Тик-ток“, потсетувајќи на загриженоста за холивудскиот штрајк што се случуваше минатото лето.

Продукциската куќа ја обвини платформата дека се обидела да ги малтретира за да го прифатат договорот.

- Тажно е и разочарувачки што „Јуниверсал мјузик груп“ ја стави сопствената алчност над интересите на нејзините уметници и текстописци. И покрај лажниот наратив и реторика, факт е дека компанијата избра да се оддалечи од моќната поддршка на платформата со повеќе од милијарда корисници, која им служи како бесплатна промотивна платформа за нивниот талент. „Тик-ток“ успеа да постигне договори во полза на уметниците со секоја друга продукциска куќа - велат од „Тик-ток“.

Извор: Usatoday.com
Фото: Screenshot/Tik-tok
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот