X
 02.04.2023 Здравје

Кое овошје содржи најмалку шеќер?

Овошјето содржи природен шеќер, но количината варира во зависност од видот. Токму затоа, иако е важно да се вклучи овошјето во редовната исхрана, многу е важно и правилно да се информираме дали секое овошје е добро за нас.

Одредени видови овошје, како што се бананите и мангото, имаат поголема количина шеќер од другите. Важно е да знаете дека овошјето со ниска содржина на шеќер сè уште може да ги обезбеди влакната, витамините и минералите што ни се потребни. Еве кои видови овошје имаат најмалку шеќер.

Јагоди

Јагодите, како и повеќето други бобинки, се исклучително богати со влакна и содржат многу малку шеќер. Има околу 7 грама природен шеќер во една мала порција јагоди. Друга нивна карактеристика е тоа што се добар извор на витамин Ц.


Фото: Pixabay

Праски

Иако имаат исклучително сладок вкус, една праска со средна големина содржи околу 13 грама шеќер. Оваа количина е речиси идентична без разлика на сортата на праска. Во кората има многу корисни фитонутриенти, така што нема потреба да ја лупите, само добро измијте ја. Праските се идеална ужина бидејќи даваат чувство на ситост поради нивната текстура.

Капини и боровинки

Повеќето бобинки се меѓу најздравите овошја кога станува збор за количината на шеќер. Слично како и јагодите, една порција од 100 грама бобинки содржи релативно мала количина шеќер, 5,3 грама влакна и 1,39 грама протеини. Тие се и добар извор на антиоксиданси, кои се клучни за спречување на оксидативниот стрес, предизвикувач на многу болести, вклучувајќи ги и малигните. Интересно е да се забележи дека боровинките содржат двојно повеќе шеќер од капините.

Лимон и лимета

Не многу луѓе би избрале да јадат лимон или лимета за ужина, од разбирливи причини. Сепак, со само 2 грама шеќер во плодот и високо ниво на витамин Ц, лимоните и лиметата се одличен и препорачан додаток во исхраната.

Диња

Едно поголемо парче диња содржи околу 11 грама шеќер. Покрај тоа, различните сорти диња содржат и калиум, витамин Ц и железо.


Фото: Pixabay

Портокал

Портокалот со средна големина има околу 14 грама шеќер и исто така е одличен извор на витамин Ц. Обрнете внимание на сокот од портокал што го купувате бидејќи може да содржи додадени шеќери.

Грејпфрут

Ова овошје со ниска содржина на шеќер некои го сакаат, а други го избегнуваат поради високата киселост, исто како и лимонот. Половина грејпфрут со средна големина содржи околу 11 грама шеќер. Сите сорти грејпфрут содржат иста количина витамин Ц и шеќер.

Авокадо

Иако кај нас ова овошје порано беше многу популарно, поради трендовите на поздрава исхрана сега се консумира. Авокадото е практично без шеќер и е исто така добар извор на здрави масти и влакна.

Извор: Eklinika
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје