X
 02.07.2021 Живот

Германски студент ги завршил студиите порано, па бил тужен од универзитетот

На средношколците кои во моментов се борат за индекс на еден од факултетите во нашата земја, сакаме да им ги ублажиме „маките“ со една интересна приказна од Германија.

Во јуни 2009 година, Марсел Пол се запишал на студии на Приватниот универзитет за економија и менаџмент во Дортмунд, кој траел седум семестри. Трошоците изнесувале 12.390 евра, а се плаќале во месечни рати. Но, ревносниот студент ги завршил студиите по само два семестра, а потоа се запишал на магистерски студии кои чинеле 9.980 евра. И овие студии ги завршил по само два семестра, иако траеле четири.

Универзитетот уредно му издал диплома за успешно завршени додипломски и магистерски студии.

Но, по кратко време Марсел добил тужба од факултетот затоа што оваа институција доживеала „загуба на приходот“. Обично на студентот му се потребни 11 семестри и 60 положени испити за да ги заврши своите студии, но вредниот Марсел успеал да ги заврши додипломските и магистерските студии за само 20 месеци, што е четвртина од вообичаеното време.

Веднаш се поставува прашањето како успеал во тоа. Марсел вели дека му успеало благодарение на двајца пријатели со кои ги делел белешките од предавањата на кои не можел да присуствува поради преклопување на термините. Покрај успешното полагање на испитите, тој успешно ја завршил и праксата во банка.

studiranje
Фото: Pixabay

Откако ја добил дипломата, Марсел се отпишал од факултетот во август 2011 година, но од универзитетот очекувале тој да ја плати школарината до крајот на годината, па затоа му биле побарани уште 3.000 евра. Марсел, кој моментално работи во банка во Франкфурт, вели дека ги информирал надлежните во факултетот дека планирал порано да дипломира.

- Кога пристигна тужбата, мислев дека нема шанси ова да е вистина. Мислев дека мојот успех вреди - вели тој.


Одбраната на Марсел на суд тврдела дека со отпишувањето од факултетот се раскинал неговиот договор за студирање и дека после тоа Марсел не ги користел услугите на Универзитетот. Затоа сметал дека треба да плати само за реалното времетраење на студирањето, иако студирал пократко од предвидената програма.

Но, судот донела пресуда во корист на факултетот, а Марсел останал разочаран и во финансиски минус.

Можеби ова е наравоучение за сите идни студенти: не брзајте да ги завршите студиите што е можно побрзо, за да не се најдете во иста ситуација како Марсел Пол.

Извор: 24sedam.hr
Фото: Pixabay
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот