X
 02.08.2019 Наука

Леќи кои зумираат со двојно трепкање

Научниците од Калифорнискиот универзитет во Сан Диего тестираат неверојатна нова технологија - контактни леќи со кои корисниците би можеле да зумираат само преку трепкање. Во неодамна објавен труд научниците објаснија како овие леќи се разликуваат од некои претходно развиени кои се контролираа рачно или користеа преходно напишани програми.

Леќите користат електроокулографски сигнали генерирани од движењата на очите за да го контролираат движењето и фокусната должина на леќите, поради што тие се уникатни.

Леќите се контролираат преку електроди кои ги имитираат мускулите на очите.

2

Фото: Bored Panda

Моментално, овие леќи сè уште се прототипови. Иако прототипот на леќите изгледа како куп микрочипови и жици, прашање е на време пред да станат доволно мали за лесно да се вклопат во вашето око.

3
Фото: Bored Panda

Сè уште има многу работа пред овие леќи да бидат достапни за сите, но неверојатно е дасе види што може да направи модерната технологија.
leki
Фото: Bored Panda

Научниците велат дека овие леќи имаат потенцијал еден ден да бидат користени во очилата на подесување и далечински управуваните роботи.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука