X
 02.08.2023 Наука

Дали жолтата боја ги привлекува ајкулите?

Велат дека жолтата боја ги привлекува ајкулите. Дали тоа е вистина?

Истражување на два австралиски универзитети покажало дека ајкулите се „слепи на бои“. Сепак, тие многу добро гледаат контрасти, што значи дека секоја светла боја на замаглена заднина е видлива за нив. Таквите појави им го привлекуваат вниманието. Значи, не е важна бојата, туку нејзината нијанса.

Доколку се плашите од ајкули и не сакате да им го привлечете вниманието, треба да носите темни бои.

Што друго ги привлекува ајкулите?

Во вода каде што има многу ајкули се препорачува да одбегнувате да носите сјајни метални предмети додека нуркате. Ваквите предмети може да ја рефлектираат сончевата светлина и да ја привлечат ајкулата.

Извор: Green
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука