X
 03.01.2024 Култура

Карибите ќе учествуваат на Евровизија 2024

Организаторите на Евровизија најавија учество на Карибите на музичкиот натпревар.

Во порака на својот официјален профил на „Инстаграм“, организаторите напишаа дека Карибите доаѓаат на изборот за Евровизија 2024.

- Возбудени сме што може да потврдиме дека Карибите доаѓаат на Евровизија 2024 година - напишаа тие.



Во објавата стои и дека наскоро ќе бидат споделени повеќе информации.

Карибите или Карипските Острови се регион во Средна Америка кој се состои од повеќе држави.

Годинава Евровизија ќе се одржи во Малме, Шведска.

Извор: Sky news
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура