X
 03.02.2023 Култура

Претставена сцената за годинашната „Евровизија“ во Ливерпул

Организаторите на годинашната „Евровизија“ во Ливерпул ја открија сцената.

Дизајнот е футуристички, а има цел да инспирира заедништво, славење и заедница. Меѓутоа, многу обожаватели ја споредуваат сцената со вселенското летало „Војаџер“ од серијата „Ѕвездени патеки“.

Во видео објавено од организаторите се гледа дека на сцената има многу екрани и ЛЕД-светла. Освен тоа, сцената има делови кои се движат.



Двете полуфинални вечери на годинашната „Евровизија“ ќе се одржат на 9 и 11 мај, додека финалето ќе се одржи на 13 мај.

Извор: Indy100
Насловна фотографија: Twitter (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура