X
 13.01.2024 Забава

Интересни податоци за најголемите музички хитови што веројатно не ги знаете

Ви пренесуваме неколку интересни податоци за познатите музичари и некои од нивните најпознати песни, како и за оние помалку познатите.

Некои можеби ги знаете, некои не, а ако ништо друго, овој текст ќе ве потсети на некои од најголемите хитови.

Дрејк завршил средно училиште на 25 години

Дрејк го напуштил средното училиште за да глуми средношколец во тинејџерската серија „Деграси“. Тој се вратил на училиште во 2012 година, кога веќе бил номиниран за „Греми“.

Тејлор Свифт пораснала на фарма за елки




Познатата пејачка поминала дел од своето детство на фармата „Пајн риџ“ во Пенсилванија, на која ѝ ја посвети својата песна „Christmas Tree Farm“.

Песната „Wannabe“ на „Спајс грлс“ е најзаразната поп-песна



Истражување спроведено во 2014 година покажа дека луѓето го препознаваат најголемиот сингл на познатата група за 2,3 секунди, во споредба со петте секунди што им се потребни за да препознаат други хит-песни.

Британската морнарица успеала да ги избрка пиратите со песните на Бритни Спирс


Британската морнарица ги избрала хитовите „Oops!... I Did It Again“ и „...Baby One More Time“ за да ги задржи сомалиските пирати на сигурна далечина, кои навистина ја презираат западната култура. Но, судејќи по ова, Бритни Спирс е најлоша.

Канје Вест напишал еден од неговите најголеми хитови за само 15 минути



На Канје му биле потребни само 15 минути за да го напише текстот за неговиот хит „All Falls Down“, кој стигна до четвртото место на „Билборд аренби“ листата. Се разбира, тоа е само текстот, затоа што за остатокот од песната било потребно многу подолго време.

На Сиа ѝ биле потребни 14 минути за да ја напише песната „Diamonds“, која ја испеа Ријана




Иако песната е музичка соработка меѓу американскиот продуцент Бени Блан и норвешкото продукциско дуо „Старјгет“, кои напорно работеа на песната, американската кантавторка Сиа го напишала текстот на песната „Diamonds“ за само 14 минути, што ги шокирало продуцентите. Синглот подоцна беше продаден во три и пол милиони примероци.

Фреди Меркјури напишал песна за само 10 минути



Иако на гитара знаел да свири само неколку акорди, Фреди Меркјури го напишал големиот хит „Crazy Little Thing Called Love“ за само 10 минути.

Легендарната песна на Реј Чарлс е импровизација

Легендарниот Реј Чарлс еднаш објасни дека неговиот бенд останал без материјал иако имале уште 20 минути од шоуто. Тој им рекол на членовите на групата: - Следете ме. Што и да пеам, повторувајте го. Така се родил  хитот.



Раскинување на бракот и „Соник јут“

По 27 години брак, Ким Гордон и Турстон Мур се разведоа откако Мур ја изневерувал Ким со Ева Принц. Мур изјавил дека сакал да продолжи со бендот, но Ким и остатокот од бендот сметале дека неговиот план е луд, па бендот се распаднал.

Жестокото разделување на „Еверли брадерс“



По 20 години успешна кариера, Дон Еверли толку се испијанил за време на настап во 1973 година, што ги заборавил стиховите на неговите најпопуларни песни. Фил Еверли го удрил со гитара по главата, ја напуштил салата и не зборувале долги години. Поточно, до смртта на нивниот татко.

На Кобејн не му се допаднал начинот на кој била снимена песната „Smells Like Teen Spirit“




Не е тајна дека членовите на „Нирвана“ не биле луди по миксот на нивниот најпопуларен албум „Nevermind“, но Курт Кобејн особено го мразел најголемиот хит „Smells Like Teen Spirit“ велејќи: - Не ми се допаѓа како е снимена песната. Тoа е совршен микс од чисти и убави слатки продукции. За оние што не се навикнати на тоа, можеби звучи екстремно, но сметам дека звучи мизерно.

Песната на Мајкл Џексон „Bad“ требало да биде ривалски дует



Песната „Bad“ на Мајкл Џексон првично требало да биде соработка помеѓу него и Принс. Всушност, продуцентот Квинси Џонс сметал дека би било интересно да се спојат двајца големи ривали и нивната антагонистичка енергија да се претвори во хит. Но, Принс одбил.

Години подоцна, тој изјавил дека не му се допаѓал текстот на песната. Конкретно, тој се осврнал на почетокот на текстот на Мајкл каде што вели: „Your butt is mine“ (Твојот задник е мој) и додал дека не му паднало на памет да учествува во песна која започнува со овие зборови.

Соработката меѓу две легенди била сосема случајна



Големиот хит и соработка на двете музички легенди Боуви и Меркјури не била планирана. Боуви случајно се нашол во близина на студиото каде што „Квин“ ги снимала песните за нивниот десетти албум. За време на едно заедничко снимање тие одлучиле дека би било интересно да снимат песна. Но, Меркјури и Боуви не биле заедно во студио кога се снимале вокалите, туку ги снимиле своите делови одделно, не знаејќи како звучи другиот. Сепак, песната „Under Pressure“ звучи одлично и е еден од најголемите хитови и денес.

Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава