X
 04.01.2017 Образование

Ранко Рајовиќ: Ги дрогираме децата за да нѐ слушаат

На гостување во емисија, доктор Ранко Рајовиќ зборуваше за значењето на движењето во развојот на детските когнитивни функции.

Голем број на луѓе на социјалните мрежи го фалат вашиот начин на подучување на децата - „NTC“ систем за учење, односно развој на мозочните клетки од рана возраст преку игра. Умствени игри, асоцијации, скриени зборови се само некои од начините со кои наставниците може да ја поттикнат имагинацијата на децата и нивниот интерес за важни работи што често им се досадни. Дали родителите  бараат многу? Дали добрите оценки влијаат на децата, дали добрите оценки денес се мерило за знаењето?

„Во однос на периодот од пред 10 години, многу европски земји се обидуваат да си помогнат самите себеси. Тука е тестот ПИСА, се гледа како децата учат, она што тие го научиле... Уште од 2008 година е притисокот, многу држави се во потрага по начини да придонесат за подобрување на образовниот систем, обидувајќи се да откријат како децата да бидат економски продуктивни. Се намалува материјалот, но во меѓувреме се сфати дека тоа не дава резултати и дека нема смисла во тоа, така што поединечни држави веќе не го прават тоа. Децата имаат сé поголеми тешкотии да се концентрираат, сé почесто се споменува состојбата на нарушување во вниманието. На пример, 15 отсто од децата во Англија денес земаат лекови од типот на амфетамин. Амфетамин е дрога, почнавме да ги дрогираме децата за да не слушаат во училиште“- вели Рајовиќ и укажува дека друго решение би било да се работи со децата од рана возраст, да мислат, да поврзуваат информации.

„Движењето е основа за развојот на мозокот на детето и детето мора преку движење да ги поврзува мисловните процеси. Вртењето е една од најчестите детски активности и е многу корисно. Ние треба да гледаме што детето сака инстинктивно да прави. Ние постојано им забрануваме, но во оваа ротација, скокањето е тајна. Денес се знае дека мозокот се развива во движење. Урбаните деца гледаат телевизија, знаат како да користат компјутер, ги знаат напамет градовите, каде се наоѓа една држава, но и понатаму имаат когнитивни потешкотии, како дислексија (нарушување во читањето), целта е за родителите да сфатат дека децата во движење треба да размислуват и да решаваат проблеми“.

Деца
Фото: Freepik

Дали детето кое живее на село, на пример, кое може да чува овци и да врши многу други работи, а покрај тоа се школува, по природа е помалку паметно?  

Тоа е бистро дете, но тоа нема информации кои ќе ги поврзува. Градското дете ги има, но не ги поврзува. Често споменувам вежби во градинка, за деца од 5 години. Им поставувам загатка. Што е тоа што цел ден оди, ама не излегува од куќа? Тешко им оди да погодат, но кога ќе кажам куќичка, наместо куќа, тогаш сфаќаат дека станува збор за полжав. Потоа тој полжав го поврзувам со шума и дожд, и ги прашувам што расте во шума кога паѓа дожд. Тие велат печурки. Кога им раскажувам како еднаш глувците бегале од дождот и се обидувале да се скријат под печурките. Едниот глушец стоел под печурката, а другиот не. Вториот ден глувците повторно трчале, па и двата застанале под печурката. Кога ги прашувам зошто е тоа така, тие велат дека печурката пораснала. Децата од другата група на кои претходно не им ја раскажав приказната за глувците и печурките рекоа дека глувците се смалиле. Нашите деца не ги поврзуваат информациите, мораме да ги менуваме методите на подучување за 180 степени.  

Што значи природата за развојот на детскиот организам?

Природата е нешто незаменливо. Нашиот мозок се развивал милиони години во движење. Децата скокаа преку камења, потоци... Детето мораше да трча, да размислува, да најде начин да прескокне во трката низ потокот. Тоа мораше постојано да ги проценува своите способности, да размислува за тоа колку потокот е длабок, како да го прескочи. Децата не трчаа туку така, тоа беше подготовка за живот.

Тогаш се знаеше дека од таа снаодливост зависи животот, дали детето ќе преживее или не. Денес тоа го нема, па родителите мислат дека тоа не е важно, но токму тоа е причината зошто денес луѓето не напредуваат. Природата е незаменлива; шуми, паркови, трчање, скокање...“

деца

Се повеќе и повеќе родители се жалат дека нивните деца не можат да заспијат

„Човекот е живо битие создадено за движење и неговиот мозок се развива во движење, најмногу од 2 до 5 годишна возраст. Биологијата на детето за време на овој период му дава огромна енергија да се движи и да го користи мозокот. Ако тоа го нема, како тоа ќе потроши толку многу енергија? Секој сопственик на куче знае дека кучињата мора да шетаат за мирно да спијат. Исто е и со децата. Спиењето е од исклучително значење за формирање на нервните структури.

На пример кога децата се качуваат по дрва, родителите често чувствуваат страв дека ќе се повредат. Дали треба да ги спречуваме?

Децата морате да ги пуштате, за да откријат што можат. Тие бараат решенија, а за тоа време мислат. Мораме да ги учиме децата да мислат, на тој начин тие најлесно ја учат информацијата.

Многу деца се особено активни за време на празниците. За жал, на оваа беспарица родителите често немаат можност да ги изведат некаде. Што да се прави за време на празниците?

„На детето секој ден му е празник. Детето секој ден скока од фотелја на фотелја, од фотелја на кауч, мора секој ден да се движи. Може да користи компјутер и да гледа телевизија, тоа не е забрането, но децата треба и да скокаат. Направете во станот места кои ќе овозможат развој на децата преку движење. Ставете под тепихот две гранки, два камења, два костена, може да гази по предметите или да ги избегнува. Нацртајте кругови на хартија, кажете им дека до границата на овие кругови под тепихот се наоѓа нешто и дека ќе добијат бодови кога ќе погодат каде е тој предмет. Детето ќе ја реши задачата, а потоа ќе рече: „Сакам уште еднаш“. За пет дена, ставете 7-8 работи под тепих. Кога гостите ќе пристигнат, тоа ќе бараат од нив да газат низ тепихот, и тие да учествуваат во играта. Тоа се тестовите што ние ги применуваме. Или можете да ставите пајажина над вратата и барајте од детето да дојде да ве уплаши- децата многу сакаат да ги плашат родителите. На мрежата закачете ѕвонче, па ќе се слуша кога детето поминува. Следниот пат ќе се обиде да ја избегне, за вас да ве уплаши, ќе размислува за тоа како да го реши проблемот“.
Save
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование