X
 04.03.2023 Спорт

Сѐ што треба да знаете за новата сезона на „Формула 1“

Новата сезона на „Формула 1“ почнува в недела со трката во Бахреин. Еве што можеме да очекуваме оваа сезона.

Колку трки ќе има?

Оваа година требаше да има рекордни 24 трки, но една трка во Кина беше откажана и затоа бројот се намали на 23, што останува рекорд за една сезона. Првата трка е на 5 март, а последната на 26 ноември.

Ќе има трка во Лас Вегас

Оваа година се подготвува уникатна трка во Лас Вегас, која ќе биде претпоследната во сезоната. Таа ќе се одржи на 18 ноември, во сабота навечер по локално време.

Дали Макс Ферстапен повторно има најголеми шанси за победа?

Тестирањата пред почетокот на сезоната покажале дека „Ред Бул“ повторно има најдобри тим и возило на почетокот на сезоната. Меѓутоа, „Ред Бул“ има пенал поради потрошени повеќе средства од дозволеното во 2021 г., што може да влијае врз развивањето на возилото.


Фото: Pixabay

Дали ова е последна сезона за Луис Хамилтон?

Се чини дека тоа нема да биде случајот. Моменталниот договор на Хамилтон за „Мерцедес“ завршува на крајот од 2023 г., но се очекува тој да го продолжи договорот и за следната година.

Дали „Ферари“ ќе забележи подобрување со новиот лидер?

Фред Васор е нов лидер на тимот на „Ферари“, кој минатата година имаше многу пропусти. Васор покажал дека не се плаши од промени, но тестовите покажале грижи за употребата на тркалата. Останува да видиме дали оваа сезона „Ферари“ ќе има повеќе среќа.

Во продолжение е планот за сите трки што треба да се одржат оваа сезона.

5 март - Бахреин
19 март - Саудиска Арабија
2 април - Австралија
30 април - Азербејџан
7 мај - Мајами
21 мај - Емилија-Ромања
28 мај - Монако
4 јуни - Шпанија
18 јуни - Канада
2 јули - Австрија
9 јули - Велика Британија
23 јули - Унгарија
30 јули - Белгија
27 август - Холандија
3 септември - Италија
17 септември - Сингапур
24 септември - Јапонија
8 октомври - Катар
22 октомври - САД
29 октомври - Мексико
5 ноември - Бразил
18 ноември - Лас Вегас
26 ноември - Абу Даби

Извор: ESPN
Насловна фотографија: Pixabay 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Спорт