X
 18.03.2024 Спорт

Ова се највредните спортски тимови за 2024 година

Со вредност поголема од 5 милијарди долари, највредните спортски тимови во светот во 2024 година се од лигите на бејзболот, кошарката и фудбалот, но американската Национална фудбалска лига (НФЛ) очигледно царува.

Според податоците на „Форбс“ објавени доцна минатата година, дури 9 тима од НФЛ се меѓу највредните 15 во светот.

Првото место го зазеде Далас каубојс со проценета вредност од 9 милијарди долари. Тимот бил купен од Џери Џонс во 1989 година за 150 милиони долари. Растот на вредноста на почетокот бил побавен, но во текот на минатите пет години таа се зголеми за 80 отсто.

Вториот највреден тим во светот е Њујорк јенкис од Големата бејзбол-лига (МЛБ), кој има проценета вредност од 7,1 милијарди долари и е единствен претставник од лигата на рангирањето.

Истовремено, Националната кошаркарска асоцијација, попозната како НБА, има три тима во првите 15, а Голден стејт вариорс се највисоко рангирани (на третото место) со проценета вредност од 7 милијарди долари.

Само два тима кои не се од Америка се најдоа меѓу првите 15 - Реал Мадрид од шпанската Ла Лига, чија вредност се проценува на 6,1 милијарди, и Манчестер јунајтед од англиската Премиер лига, чија вредност се проценува на 6 милијарди долари.

Во продолжение можете да ја погледнете листата.


Фото: Visual Capitalist (screenshot)

Извор: Visual Capitalist
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Билјана Спиркоска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Спорт