X
 04.04.2019 Живот

Оставете ја природата да ја излекува климата

Реставрацијата на природните шуми и брегови истовремено може да ги реши климатските промени и уништувањето на дивиот свет, но загрижувачки се занемарува.

Популацијата на животните е намалена за 60 отсто од 1970 година, што укажува дека е во тек шестото масовно истребување на животот на Земјата, а голема е веројатноста дека јаглеродниот диоксид ќе мора да се отстрани од атмосферата за да се избегне најлошото влијание на глобалното затоплување. Дрвјата и растенијата го извлекуваат јаглеродниот диоксид од воздухот како што растат и овозможуваат витално живеалиште за животните.

- Светот се соочува со две егзистенцијални кризи, развивајќи ужасна брзина: климатски и еколошки слом, а ние не посветуваме доволно внимание и итност што е потребна за нашите системи да не паднат во колапс - се вели во писмото на група активисти за природната средина.

- Имаме занемарлив приод кон спречување на климатскиот хаос додека го браниме живиот свет. Одбраната на живиот свет и одбраната на климата во многу случаи се едно исто - велат во писмото потписниците: активистката Грета Тунберг, климатскиот научник и професор Мајкл Ман, писателите Маргарет Атвуд, Наоми Клејн и Филип Пулман и активистите Бил Мекибен и Хју Фернлеј-Витингстал. Освен нив, меѓу потписниците се и Роуан Вилијамс, поранешен надбискуп во Кантербери, Мохаме Нашид, поранешен претседател на Малдивите, и музичарот Брајан Ино. Писмото било поттикнато од страна на писателот Џорџ Монбиот.

Групата нагласува дека природните климатски решенија не се алтернатива на брзата декарбонизација на енергијата, транспортот и земјоделството.

Обединетите нации најавија Деценија за реставрација на екосистемите уште на почетокот на март.

- Деградацијата на нашите екосистеми има катастрофално влијание врз луѓето и врз животната средина. Природата е нашиот најдобар залог за справување со климатските промени и обезбедување светла иднина - изјави Џојс Мсјуа, шеф на Програмата за животна средина на ОН.

Неодамнешните истражувања покажуваат дека е потребно намалување од околу една третина на емисиите на стакленичките гасови до 2030 година за да може да се обезбеди обновување на природните живеалишта, но таквите решенија привлекоа само 2,5 отсто од средствата наменети за намалување на емисиите.

Најголемото влијание веројатно ќе дојде од реставрацијата на шумите, особено во областите на тропските предели кои биле срамнети за добиток, палмини плантажи и дрва. Но, природните климатски решенија не смеат да се натпреваруваат со потребата да се нахрани растечкото население во светот, се вели во писмото, така што, мора да се имплементира со согласност со локалните заедници.

Ефективните начини за враќање на живеалиштата често се преклопуваат со зачувувањето на дивиот свет, велат активистите. Зголемувањето на популацијата на шумските слонови и носорози во Африка и во Азија ќе помогне во ширењето на семето на дрвјата, додека повеќе волци ќе доведе до помалку растенија изедени од лосовите.

Најбрзата акумулација на јаглерод се случува во вегетативните крајбрежни живеалишта, како што се мангровите дрвја, солените мочуришта и морската трева, покажуваат истражувањата кои исто така ги штитат заедниците од бури. Тука, јаглеродот може да биде повлечен 40 пати побрзо отколку во тропските шуми.

Другите предложени начини за отстранување на јаглеродниот диоксид од воздухот вклучуваат горење дрва за произведување електрична енергија и закопување на емисиите на јаглерод, но ова ќе бара огромни количини на земјиште. Веб-страницата „Природни климатски решенија“ беше лансирана во средата, повикувајќи ги владите да ги поддржат ваквите мерки и да создадат подобар свет за дивите животни и луѓето.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот