X
 04.06.2020 Живот

Најновите правила за влез на странски туристи во европските земји

Земјите низ светот почнуваат да ги отвораат своите граници за туристите, обидувајќи се да ја спасат летната сезона. Сепак, во некои земји во сила се некои мерки за спречување на ширењето на вирусот.

Шпанија

Границите на Шпанија се затворени за сите странски туристи до 1 јули. За домашните жители, карантинот од 14 дена е задолжителен. Не се знае какви мерки ќе бидат во сила кога земјата ќе ги отвори границите за странските туристи на 1 јули.

Франција

Границите се затворени за сите странски туристи до 15 јуни, иако може да влезат оние што навистина имаат потреба и имаат соодветен сертификат, но немаат симптоми на коронавирус.

Хрватска

Границите се затворени за сите странски туристи.

Италија

Италија ги отвори границите за туристите од Европа во средата.


Фото: Pixabay

Германија

Границите се отворени за оние што имаат валидна причина за посета и имаат документи за да го докажат тоа, а нема карантин за оние што пристигнуваат од Европската Унија или од Велика Британија.

Грција

Земјата ги отвора границите за странските туристи на 15 јуни. Аеродромите се отвораат на 1 јули. Ќе се тестираат оние што доаѓаат од високоризични земји.

Турција

Границите се затворени за сите странски туристи, освен за оние што имаат медицинска потреба.

Извор: fr24news.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот