X
 04.08.2021 Живот

Достапна е апликацијата за CommonPass сертификат за патување во странство, соопшти Министерството за здравство

Министерството за здравство информира дека е достапна апликацијата за CommonPass сертификат за патување во странство.

-CommonPass е унифицран дигитален сертификат кој се презема од апликација од Google Play Store/App Store, а со кој се потврдува вакциналниот статус на секој граѓанин. Со овој сертификат во моментов може да се патува најчесто во САД и Канада, каде што се користи најмногу. Покрај патувањето и доказ за вакцинација со овој CommonPass граѓаните во овие земји можат непречено да се движат и функционираат во услови кога има одредени рестрикции и забрани за невакцинираните - објаснуваат од Министерството за здравство.

За преземање на овој сертификат треба:

1) Да се најавите на вебстраницата vakcinacija.mk
2) Во својот личен профил можете да го најдете нациналниот сертификат издаден од МЗ со QR код за примена вакцина.
3) Системот ви дава опција за внесување на број на валидна патна исправа.
4) Откако ќе го внесете бројот на пасошот се креира автоматски CommonPass
5) За да креаирате дигитален CommonPass, достапен секогаш на вашиот паметен телефон, треба да ја преземете мобилната апликација „CommonPass“ oд Google Play Store/App Store
6) По симнување на апликацијата истата ќе ви побара да го внесете следниот активациски код: CPNMKD
7) Потоа апликацијата ќе побара да го скенирате QR кодот од CommonPass сертификатот кој веќе го имате симнато на компјутер. Доколку имате потешкотiја да го скенирате кодот од eкран, испечатете го CommonPass сертификатот и скренирајте директно од хартија.

Од министерството најавија дека од следната недела ќе биде достапен и Зелениот пасош за патување во ЕУ. Од МЗ укажуваат и дека независно од сите сертификати кои ќе бидат обезбедени за нашите граѓаните, секоја земја согласно епидемиолошката состојба има право да воведе дополнителни рестрикции за влез или движење во истата.

Фото: YouTube (printscreen)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот