X
 04.08.2023 Забава

Мапа покажува каде сѐ во Париз може да се пие кафе за 1 евро

Пиењето кафе во Париз е скапо за многумина. Но локалните власти одлучиле да им помогнат на жителите и туристите да го доживеат ова искуство за пониска сума. Градот има иницијатива за одбележување на местата во Париз кои нудат кафе за 1 евро.

Инфлацијата поттикнала пораст на цените за кафето во многу кафулиња во градот, но некои места сѐ уште не ги зголемиле цените за овој пијалак.

Во рамки на иницијативата од градот била создадена интерактивна мапа на која се прикажани сите локали во Париз каде може да се пие кафе за 1 евро. Самите граѓани може редовно да ја ажурираат мапата, која е споделена на службените веб-страници на градското собрание во Париз.

Мапата може да ја пронајдете овде.

Извор: Pametni gradovi
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава