X
 04.11.2023 Наука

Научник открил едноставен начин за подобрување на дезинфициенсите со додавање сол

Хемиски инженер од Универзитетот во Алберта, Канада, развил раствор за дезинфекција кој е поефикасен од производите базирани само на алкохол.

Типичните раствори за дезинфекција со 70% алкохол и 30% вода имаат големи ограничувања, смета научникот Хјо-Џик Чуи. Еден проблем со алкохолот е тоа што пребрзо испарува од површините, со што се намалува неговата ефикасност во борбата против патогените како Clostridium difficile. Оваа бактерија предизвикува дијареја и е најчестата причина за заразна дијареја во болниците во Канада.

Друго ограничување кое брзо станува голем предизвик во јавното здравје е што малата изложеност на патогените на алкохол ги зголемува шансите тие да мутираат и да станат резистентни.

- Помислете на обично шишенце спреј. Може оригинално е формулирано да содржи 70% алкохол, но испарувањето започнува штом ќе дојде до воздухот и дури и во самото пакување. Процентот на алкохол на површината што ја прскате е помал, па не е лесно со текот на времето патогените да се изложат на алкохол - вели Чуи.

Тој додава дека условите во околината, како температурата и циркулацијата на воздухот, исто така може да го зголемат степенот на испарување.



Со додавање сол во мешавината во сооднос поголем од 2,5 отсто од тежината може да направи огромна разлика. Но, Чуи вели дека тоа нема никаква врска со хемиските карактеристики на солта, туку како што алкохолот и водата во дезинфициенсот испаруваат, солта се рекристализира и расте, физички уништувајќи ги ѕидовите на клетките на патогените.

-Со додавање сол можеме да додадеме друг механизам на хемиското уништување - физичко уништување - и можеме да предизвикаме брзо и поефикасно деактивирање на патогените, без грижи за мутации или структурни разлики - вели научникот.

Тој додава дека солта, односно натриум хлоридот, е евтина и безбедна состојка, за разлика од отровните хемикалии кои некогаш се додаваат во дезинфициенсите.

Чуи и неговиот тим го тестирале дезинфициенсот базиран на сол на повеќе вируси и бактерии и резултатите биле супериорни во однос на растворите базирани на алкохол. Резултатите се објавени во списанието ACS Nano.

Извор: Phys
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Билјана Арсовска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука