X
 05.04.2023 Наша тема

Ивица Јанев, трикратен шампион во бодибилдинг, за два дена освои 6 златни медали во Србија

Македонецот Ивица Јанев-Ице доминира на Дијамантскиот куп во Чачак и Трофеј - Чачак! За два дена освои 6 злата, 2 титули апсолутен шампион и ПРО-карта. Судиите го нарекоа „златен Македонец“

Викендов во Чачак се одржа Дијамантскиот куп, или интернационално познат како Diamond cup, во организација на најпрестижната Бодибилдинг и фитнес-федерација во светот (IFBB). Единствениот претставник од Македонија, Ивица Јанев, се врати со 6 златни медали, два пехари за aпсолутен шампион и ПРО-карта од Дијамантскиот куп во Чачак и Трофеј-Чачак и стана трикратен шампион.



На овој прв интернационален натпревар учествуваа над 200 претставници од повеќе земји од регионот и пошироко. Тука се вбројуваат Србија, Црна Гора, БиХ, Хрватска, Австрија, Бугарија, Турција, Молдавија, Романија, Унгарија, Украина и нашиот Ивица како единствен претставник од Македонија.



Како што информираа спортските медиуми, Ивица Јанев целосно издоминира на овој натпревар освојувајќи три златни медали и професионална карта, тешко престижно достигнување и признание за кое се бори секој од областа на фитнесот. Досега Македонија има добиено 3-4 ПРО карти.

Мерења прецизни до грам

Ивица Јанев стана апсолутен шампион во бодибилдинг класик физик златна ера на бодибилдинг, шампион до 90 килограми во бодибилдинг, апсолутен шампион во бодибилдинг на Дијамантскиот куп во Чачак. Со тоа се здоби со тешко престижната ПРО-карта. Исто така, доби трофеј за апсолутен шампион во бодибилдинг класик физик златна ера на бодибилдинг, шампион до 90 кг во бодибилдинг и апсолутен шампион во бодибилдинг, апсолутен победник на Трофеј - Чачак!



- Diаmond Cup ми беше прекрасно искуство бидејќи станува збор за еден високопрофесионален натпревар од интернационален карактер каде што се пријавени врвни спортисти од цела Европа. Чест и задоволство е да се натпреваруваш со такви квалитетни спортисти кои се докажани во своите држави - споделува Ивица.

Како што раскажува, организацијата е на многу високо ниво, од почеток до крај.

- Еден ден пред натпреварот се мерат натпреварувачите, и тие мерења се прецизни до грам! Бидејќи јас се натпреварувам во категоријата класик физик, златна ера на бодибилдинг, тука се многу строги правилата во однос на висина и килограми. Имено, максимум за мене е 11 килограми да сум потежок кога на мојата висина ќе се одземе коефициент 100. Со други зборови, јас сум висок 178 сантиметри и максимумот е да имам 89 килограми, ни грам повеќе – ни изјави Јанев.

На прашањето дали целиот процес околу претставувањето и учеството во натпреварот е тежок, тој вели:

-Напорно е збор што секој различно го разбира и толкува! За овие натпревари јас се подготвувам цела година, максимално се подготвувам, не сум забегал ниту милиметар! Така што ова за мене не беше тешко, туку ми беше најголемо задоволство - споделува Ивица.



Го освоив сето злато што можеше да се освои

На Дијамантскиот куп во Чачак стана трикратен шампион. Освои три злата и пехар за апсолутен шампион од сите натпреварувачи и ја освои престижната, а многу посакувана ПРО-карта!

- За апсолутната титула се натпреваруваат сите победници и од сите одбираат апсолутен победник. На тој апсолутен победник му доделуваат ПРО-карта! Од сите натпреварувачи околу 200 од речиси сите земји од регионот и пошироко, Србија, Црна Гора, БиХ, Бугарија, Хрватска, Австрија, Романија, Турција, Германија, Украина... јас бев единствен Македонец и го освоив сето злато што можеше да се освои! Горд сум што ја претставив Македонија во најдобро светло. Да нагласам дека наредниот ден, на Трофеј натпреварот на Чачак, што е прво големо натпреварување во Србија од отворен карактер, а воедно претставува и квалификационен натпревар во Србија за Балканското и Европското натпреварување, исто така учествував и го повторив мојот успех од претходниот ден! Имено, освоив повторно три злата и станав апсолутен шампион на Трофеј - Чачак. Значи, за овие два дена освоив 6 злата, 2 титули апсолутен шампион и ПРО-карта! Или како што ме именуваа судиите, бев „златен Македонец“ - нѐ информира Ивица.



„Неверојатна дефиниција, најдефиниран спортист на овој Diаmond куп, најдобра форма и кондиционирање од сите!!! Мора да присуствувате на Европскиот шампионски куп во мај“, се зборовите што ги добил од судиите.

- Следни мои настапи се на Државниот куп на 7 април, потоа Балканското првенство на 21 април, па за крај Европското првенство во мај – навестува Јанев.

Ивица Јанев во 2018 беше шампион на Златниот куп во Белград. Во 2019 беше државен шампион во бодибилдинг до 90 кг во Македонија и воедно апсолутен државен шампион за 2019.

Истата 2019 година Ивица стана и балкански шампион во бодибилдинг класик физик.



Фото: приватна архива
Подготвил: Сања Јачевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наша тема