X
 05.05.2024 Технологија

Едноставен трик што ќе ви помогне да се ослободите од зависноста од мобилниот

Секој ден кога ќе се вратите од работа го земате телефонот и почнувате да „скролате“ барајќи содржина што ќе ви го окупира вниманието, па така неколку часа поминуваат за миг. Дали оваа ситуација ви изгледа позната? Станува збор за зависност од мобилните телефони. Постојат многу студии направени на оваа тема.

Општо земено, се верува дека зависноста од мобилни телефони е чест проблем на модерната светска популација. Што треба да направите за да се ослободите од оваа лоша навика? Неодамна, јапонски уметник споделил многу паметен трик и исклучително едноставно приспособување што може да направи вашиот телефон да ви стане здодевен за кратко време – и тоа само со промена на бојата на екранот.

Јапонскиот уметник Ецуко Ичихара споделил објава на социјалната мрежа „Х“ која за кратко време ја погледнале повеќе од 1,2 милиони луѓе. Многу корисници се изненадени од позитивниот ефект откако самите го тестирале овој навидум едноставен трик:

-Навистина функционира!
-Многу интересно! Фотографиите и камерата исто така ќе се претворат во црно-бела боја.

Ецуко Ичихара открил дека идејата за овој едноставен трик дошла од пријател кој рекол дека паметните телефони ќе продолжат да го стимулираат нашиот мозок да произведува големи количини допамин, невротрансмитер што доведува до ефект на зависност. Штом екранот ќе се промени во црно-бела нијанса, визуелната стимулација на мозокот ќе се намали, со што социјалните медиуми ќе изгледаат помалку интересни и релативно досадни.

Ако сакате да пробате, едноставно влезете во „Поставки“ на вашиот „ајфон“: Поставки > Пристапност > Визуелна поддршка > Приказ на екран и големина на текст > Филтер за боја.

Корисниците на андроид-телефони можат директно да го приспособат режимот на спиење (Слип моуд) или да одат во менито: Поставки – Алатки за пристапност > Боја и динамика - и да ја вклучат функцијата „Корекција на боја“, а потоа да ја изберат опцијата „Сиви тонови“.

Извор: Bug.hr

Фото: Freepik

Секој ден кога ќе се вратите од работа, го земате телефонот и почнувате да „скролате“ по екранот, барајќи содржина што ќе ви го окупира вниманието, па така неколку часа минуваат во миг. Дали оваа ситуација ви изгледа позната? Станува збор за зависност од мобилните телефони. Постојат бројни студии направени на оваа тема.

Општо земено, се верува дека зависноста од мобилни телефони е чест проблем кај модерната светска популација. Што треба да направите ако сакате да се ослободите од оваа лоша навика и да го намалите драгоценото потрошено време? Неодамна, јапонски уметник споделил многу паметен трик и исклучително едноставно подесување, што може да направи вашиот телефон да ви биде здодевен за кратко време – и тоа само со промена на бојата на екранот.

Јапонскиот уметник Ецуко Ичихара, споделил објава на социјалната мрежа „Х“, која за кратко време ја погледнале повеќе од 1,2 милиони луѓе. Многу корисници се изненадени од позитивниот ефект, коментирајќи откако самите го тестирале овој навидум едноставен трик: 

-Навистина функционира!
-Многу интересно! Фотографиите и камерата исто така ќе се претворат во црно-бела.

Ецуко Ичихара открил дека идејата за овој едноставен трик, дошла од пријател кој рекол дека паметните телефони ќе продолжат да го стимулираат нашиот мозок да произведува големи количини на допамин, невротрансмитер што доведува до ефект на зависност. Штом екранот ќе се промени во црно-бела нијанса, визуелната стимулација на мозокот ќе се намали, со што социјалните медиуми ќе изгледаат помалку интересни и релативно досадни.

Ако сакате да пробате, едноставно влезете во „Поставки“, на вашиот „Ајфон“:  Поставки > Пристапност > Визуелна поддршка > Приказ на екран и големина на текст > Филтер за боја.

Корисниците на Андроид телефони можат директно да го приспособат режимот на спиење (Слип Моуд) или да одат во менито: Поставки – Алатки за пристапност > Боја и динамика - и да ја вклучат функцијата „Корекција на боја“, а потоа да ја изберат опцијата „Сиви тонови“. 

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија