X
 05.06.2018 Култура

„Астални проекции“ вечерва за последен пат

Катица Ќулавкова, Никола Маџиров, Јовица Ивановски, Владимир Мартиновски се само дел од авторите што вечерва во 20 часот во „Менада“ ќе учествуваат на последните „Астални проекции“ сезонава. По 40. пат, 30-ина наши поети од повеќе генерации ќе споделат по две авторски песни и една од својот омилен автор.


Организаторите, Ана Голејшка и Ѓоко Здравески, најавуваат поголема пауза, а не се исклучува можноста „Асталните проекции“ да не добијат нова сезона.
- Има една многу конкретна причина: Ана ќе стане мајка кон средината на јули, но има и други причини кои може да се сведат на една што ги опишува: ни се чини дека е потребна таа пауза. Оставаме простор да се појави нешто ново и поинакво во градов, има саглам луѓе што можат да измислат нешто интересно - истакна поетот Здравески.
Со свои дела вечерва ќе се претстават и: Васко Марковски, Николина Андова-Шопова, Иван Шопов, Биљана Стојановска, Д.А. Лори, Владимир Лукаш, Јулијана Величковска, Калина Малеска, Дарко Лешоски, Јосип Коцев, Жарко Кујунџиски, Сеида Бегановиќ, Снежана Стојчевска, Сања Михајловиќ-Костадиновска и други.



- Се собравме тајфа луѓе кои активно ја градевме приказната четири години, а вечерва заокружуваме 40. „Астални“. Поминаа многу месеци, многу песни, многу поеми, прозни дела, перформанси, пеења, бендови, отворени микрофони... Но волјата и љубовта за да ги правиме „Астални“ останаа – вели Голејшка.
Есенва ќе биде објавена и промовирана монографија за сите 40 изданиja.
Подготвил: Теодора Цветковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура