X
 05.12.2020 Здравје

Кои се можните несакани дејства на вакцините против коронавирусот?

Вакцината против Ковид-19 се чинеше како далечен сон, но сега е реалност. Првите луѓе во светот ќе се вакцинираат овој месец. Во игра се вакцини на „Фајзер“ и „Модерна“, меѓу другите. Иако работите брзо напредуваат, експертите предвидуваат дека повеќето од луѓето ќе се вакцинираат дури кон крајот на пролетта 2021.

Сепак, сите имаат многу прашања за вакцините, особено за несаканите дејства што може да ги предизвикаат. Еве што се знае засега.

Потенцијални несакани дејства на вакцините против Ковид-19

Сè уште не биле презентирани деталите за вакцините и нивната безбедност, но тоа треба да се случи откако тие ќе бидат одобрени од страна на големите регулаторни тела во Европа и во САД. Здравствените лица први ќе ги примат вакцините, па тие ќе знаат и кои се несаканите ефекти.

Тестирањето на вакцините на животни покажало дека секоја вакцина малку се разликува од другите, но генерално експертите ги очекуваат следните несакани дејства:

- Болка во раката на местото на вакцинирање
- Температура
- Замор
- Главоболка
- Болки во зглобовите
- Болки во мускулите.


Фото: Pexels

Томас Русо, професор на Универзитетот на Бафало во Њујорк, вели дека несаканите дејства се слични како оние на вакцината против грип. Тие траат околу еден ден и не се сериозни. Сепак, бидејќи вакцините против Ковид-19 се нови, сè уште не се знае дали тие ќе имаат долгорочни несакани ефекти.

Кога станува збор за краткорочните несакани дејства, тестирањето на вакцината на „Модерна“ покажало дека волонтерите најчесто чувствувале замор и имале болки во мускулите. Во помал процент се јавувале другите несакани дејства.

- Замор - кај 9,7% од волонтерите
- Болка во мускулите - 8,9%
- Болка во зглобовите - 5,2%
- Главоболка - 4,5%
- Болка во телото - 4,1%
- Болка на местото на вакцинација - 1,7%
- Црвенило на местото на вакцинација - 2%

„Фајзер“ сподели дека 3,8% од волонтерите почувствувале замор, а 2% имале главоболка по примањето на вакцината. Експертите додаваат и дека втората доза од вакцината може да предизвика повеќе несакани ефекти од првата.

Автор: Корин Милер
Извор: prevention.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје