X
 05.07.2021 Здравје

Од 12 јули ќе може да се вакцинираме и без закажан термин

Од 12 јули вакцинацијата во Македонија ќе се одвива во постоечките вакцинални пунктови во здравствените домови и болниците во државата, а во спортските сали ќе се одвива масовна ревакцинација.

Министерството за здравство ги информира граѓаните дека од идниот понеделник ќе може да се вакцинира секој граѓанин без разлика дали е пријавен или не на страницата vakcinacija.mk.

-Секој кој сака да се вакцинира истото ќе може да го направи без закажан термин, а паралелно ќе се одвива и вакцинацијата на граѓаните кои се пријавиле на vakcinacija.mk - стои во соопштението.

Здравствените домови до петок треба да изготват план и организација за секој ден, време и место на теренската вакцинација. Граѓаните кои ќе ја примаат првата доза вакцина на мобилен пункт, истите и ќе се ревакцинираат на терен.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје