X
 07.03.2019 Економија

Ова се најчестите работи што Американците ги работат од дома

Повеќе од четири милиони Американци минатата година работеле од дома најмалку половина од работната недела, покажуваат најновите податоци, а тој број постојано се зголемува.

За да се исполнат сè поголемите барања, компаниите сè повеќе нудат работа од дома во голем број области, од технологија до финансии, па дури и во медицината има работни позиции за кои не е потребно задолжително да одите на работното место.

Интернет-страницата за кариера „Флекс Џобс“ неодамна ги разгледа најчестите работи што се работат од дома во САД и има некои изненадувачки позиции на листата. Ви ги претставуваме најчестите, заедно со податоците колку можете да заработите работејќи ги истите.

1. Онлајн-тутори


Фото: Business Insider

Просечна годишна плата: 34.974 долари

Што прават? Подучуваат ученици на сите возрасти со помош на телефони, електронски адреси и видеоповици.

2. Виртуелни асистенти


Фото: Business Insider

Просечна годишна плата: 34.587 долари

Што прават? Овозможуваат административна помош за да им помагаат на клиенти или компании.

3. Вработени во служба за корисници


Фото: Business Insider

Просечна годишна плата: 36.839 долари

Што прават? Им помагаат на клиентите така што одговараат на прашања за производите и решаваат проблеми. Кога работат од далечина, тие им асистираат на потрошувачите преку телефон или преку онлајн-комуникација.

4. Книговодители


Фото: Business Insider

Просечна годишна плата: 41.113 долари

Што прават?
Снимаат финансиски трансакции, пишуваат финансиски извештаи и се одговорни за ревизии.

5. Наставници


Фото: Business Insider

Просечна годишна плата: 45.798 долари

Што прават? Подучуваат на интернет.

6. Писатели


Фото: Business Insider

Просечна годишна плата: 48.629

Што прават? Писателите можат да работат полно работно време, половина работно време или фриленсерски.

7. Администратори на кориснички сметки


Фото: Business Insider

Просечна годишна плата:
52.263 долари

Што прават? Менаџираат сметки на клиенти.

8. Логопеди


Фото: Business Insider

Просечна годишна плата: 59.669 долари

Што прават? Оценуваат, дијагностицираат и третираат нарушувања во комуникацијата и други нарушувања кои го попречуваат говорот. Кога работат од далечина, тоа го прават со помош на видеоповици.

9. Медицински сестри


Фото: Business Insider

Просечна годишна плата: 63.245

Што прават? Сестрите што работат од далечина овозможуваат поддршка за пациентите користејќи телефонски или видеоконференции. Некои од нив одат и лично да ги видат пациентите.

10. Софтвер девелопери


Фото: Business Insider

Просечна годишна плата: 69.687

Што прават? Девелоперите се одговорни за дизајнирање, програмирање и развивање софтвер, апликации, интернет-страници или продукти.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија