X
 07.12.2022 Култура

Се појавија избришани сцени од филмот „Всушност, љубов“

Многумина го гледаат филмот „Всушност, љубов“ (Love actually) за време на божиќните празници, а за дел од нив овој филм е најдобриот божиќен филм на сите времиња. Доколку сте обожавател на овој филм, еве интересен факт за вас. Некои сцени од првата верзија на филмот биле избришани пред да се добие финалната верзија што ја знаеме сите.

Неодамна на социјалните мрежи беа објавени делови од сцената во која малиот Сем трча низ аеродромот за да ја стигне Џоана пред таа да влезе во авионот. Се открива дека биле снимени кадри во кои Сем изведува вистински гимнастички акробации додека бега од обезбедувањето во аеродромот.



Креаторот на филмот, Ричард Куртис, објаснил дека во оригиналното сценарио од филмот се споменувало дека Сем е одличен гимнастичар, па затоа ги искористил своите вештини на аеродромот, но на крајот било одлучено да се исклучат тие сцени.

Извор: Indy100
Насловна фотографија: Twitter (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура