X
 08.02.2022 Живот

Дарко Гацов e дел од листата Gaming Intelligence Hot 50

Дарко Гацов, главниот оперативен директор на Singular, e дел од листата Gaming Intelligence Hot 50 како еден од највлијателните луѓе во индустријата.

Еден од најголемите медиуми во iGaming индустријата на светско ниво е Gaming Intelligence. Gaming Intelligence Hot 50 има цел да ги одбере и да ги истакне највлијателните личности и умови што имале значително влијание во целата индустрија на глобално ниво.

Во изминатата 2021 година, како резултат на техничкиот капацитет, културата на работење и потенцијалот, како на компанијата така и на тимот, Singular стана дел од интернационалната дивизија на Flutter. Дарко Гацов беше препознаен како еден од клучните фактори што дополнително придонесоа за преземањето на Singular. Од неговите почетоци со формирањето и растењето на adjarabet.com во светски препознаен бренд, Гацов веќе беше изложен на индустриската мапа. Неговите удели кон изложување на Грузија како прогресивен, брзорастечки пазар кој привлече меѓународно внимание и многу аквизиции дополнително го потврдија неговиот капацитет.

Со неговото номинирање како еден од 50. највлијателни личности во индустријата, Гацов го потврди неговиот препознатлив квалитет. Благодарение на неговото водство, Singular е мултинационален бренд со уникатна технологија и иновативни продукти. На листата на Gaming Intelligence Hot 50 оваа година се наоѓаат дури 6 претставници на Flutter, издигнувајќи ја на прво место по број на номинации.



- Да се биде дел од оваа листа е огромен успех не само лично, туку и за Singular и Flutter како компанија. Аквизицијата од страна на Flutter е само почетокот на нашите успеси. Несомнено сите достигнувања се симбиоза на работата и посветеноста на целосниот тим, на културата која ја негуваме и секако на производите што ги пласиравме на глобалниот пазар. Сите позитивни промени што се случија само потврдуваат дека сме на правиот пат и дополнително нѐ мотивираат да си ги оствариме сите наши соништа и цели во сега едно поголемо и посериозно поглавје - истакнува Гацов.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот